Селекторот на Бразил, Луис Фелипе Сколари, се определи за следните 23 фудбалери за Светското првенство:
Голмани: Жулио Цезар (Торонто), Џеферсон (Ботафого), Виктор (Атлетико Минеиро)
Одбрана: Давид Луиз (Челзи), Данте (Баерн Минхен), Тијаго Силва (ПСЖ), Енрике (Наполи), Маикон (Рома), Дани Алвеш (Барселона), Марсело (Реал Мадрид), Максвел (ПСЖ)
Среден ред: Луис Густаво (Волфсбург), Паулињо (Тотенхем), Фернандињо (Манчестер Сити), Рамиреш (Челзи), Оскар (Челзи), Вилијан (Челзи), Ернанес (Интер)
Напаѓачи: Хулк (Зенит), Бернард (Шахтјор), Нејмар (Барселона), Жо (Атлетико Минеиро), Фред (Флуминенсе).
Огромната конкуренција и големиот избор на фудбалери го примора Сколари да изостави од списокот повеќе квалитетни фудбалери од кои може да се состави уште една репрезентација која би била конкурентна на Светското првенство.
На голот на оваа репрезентација би бил Хелтон од Порто, а во дефанзивната линија можат да се најдат Фелипе Луиз и Миранда од Атлетико Мадрид, заедно со Маркињос од ПСЖ и Рафиња од Баерн Минхен.
Во средниот ред би биле Кутињо од Ливерпул, Кака од Милан и Роналдињо од Атлетико Минеиро, а во нападот би играле Лукаш Мура од ПСЖ, Робињо од Милан и Пато од Сао Паоло.