Offside

По најавата на првиот човек на српскиот ракомет Божидар Ѓурковиќ, сега потврда стига и од претседателот на македонската ракометна федерација Александар Стефанов. Македонија, Србија и Словенија официјално поднеле кандидатура за домаќинство на ЕХФ ЕУРО 2034.

Лигата на шампионите може да започне

Далечинскиот управувач во едната рака, пивото во другата. Најелитниот клупски европски фудбал кој секогаш со душа го чекаме стартува вечерва со осум натпревари. Највозбудливо се очекува да биде во Истанбул каде Реал Мадрид го чека пеколна атмосфера од темпераментните турски навивачи.

Кладилниците веруваат во Баерн Минхен

Започнува новата сезона од Лигата на шампиони во која кладилниците веруваат дека актуелниот европски шампион, Баерн Минхен има најголеми шанси да стане првиот тим кој ќе ја одбрани титулата.

Зидан од „петлињата“ на ВБА

Името на јунакот сè уште не е познато и само знаеме дека има 11 години и дека Вест Бромвич Албион има светла иднина. Малиот мајстор на 11 години дрибла и дава голови како Зидан во најдобри денови.

Фати го ако можеш

Мексиканецот Луис Алфонсо Родригез од екипата на Чиапас на натпреварот против Атлас постигна убав гол по претрчани 70 метри во стилот на Болт, а притоа надтрча и тројца противнички фудбалери.

Навивачите на Сиетл погласни од Турците

Навивачите на Галатасарај повеќе не се најгласни навивачи на светот. Светскиот рекорд за бучава на стадион го срушија навивачите на американскиот НФЛ тим Сиетл Сихокс и тоа два пати за време на еден натпревар.

Познати четвртфиналињата на Евробаскет 2013

Комплетирани се четвртфиналните двојки уште пред и да се одигра последниот натпревар од втората фаза на Европското првенство.

Барселона фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Во пресрет на новата сезона во најелитното клупско европско натпреварување „Bsports" направи анализа со фаворитите за шампионската титула. Бранителот на титулата годинава предводен од Пеп Гвардиола е на втората позиција според шансите.

Фудбалските местенки ја стигнаа и Австралија

Обложувачката мафија која го расипува фудбалот не застанува со своите дејствија во најважната споредна работа во светот. Овој пат на удар е втората австралиска лига каде се уапсени 10 фудбалери.

Овој гол болеше

За машката популација болно е дури и гледањето на видеото од овој гол постигнат на нисколигашки натпревар во Естонија.

Њујорк Никс местеле натпревари за дилер на дрога

Информаторите на ФБИ тврдат дека кошаркари на Њујорк Никс местеле натпревари во НБА лигата за својот дилер на дрога кој заработувал кладејќи се против нив.

Кака се повреди и се откажа од платата

Повратникот во екипата на Милан кој ги мина најблескавите мигови од својата кариера во овој клуб малерозно ја започна втората авантура со „Росоњерите" со повреда уште на деби мечот.

Неапол полуде по голот на Игуаин

Гонзало Игуаин бргу стана миленик на навивачите на Наполи. Викендов тој го постигна првиот погодок на домашен терен по што стадионот Сан Паоло полуде. Да се надеваме дека оваа сезона почесто ќе објавуваме вакви реакции и по голови на Горан Пандев.

Најголемиот мудрец од белата точка

Марио Балотели и понатаму умешно ги мами голманите. Викендов на дуелот од третото коло во Серија А го спаси Милан од пораз дури во 97 минута и стигна до дваесеттиот пенал во низа. Статистиката покажува дека никогаш не ги шутира во средината од голот.

Навивачите на Севиља му бараат жена на Марко Марин

Германскиот фудбалер кој е позајмен од Челси ги импресионирал навивачите на Севиља и тие имаат огромна желба да го задржат во нивниот тим, а тоа планираат да го сторат на тој начин што ќе му најдат жена.

Топлес прослава по голот на Ферхан Хасани

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани имаше одлично деби за Брондби постигнувајќи го победничкиот погодок за неговиот нов тим против Одензе, а навивачите беа до толку пресреќни за првата победа што една од нив прослави со стриптиз.

Турски голчишта

Супер Лигата на Турција е едно од првенствата кое често е застапено на нашиот сајт со по некој прекрасен гол. Викендов видовме два такви.

Офсајд лик: Лука Де Пра

Името на носителот на нашето признание сигурно не ви е познато, но тој и тоа како си го заслужи. Тренерот на младинците на Џенова во „Рамбо" издание од грмушки го шпионирал тренингот на најголемиот ривал Сампдорија.

Украина четвртфиналист благодарение на Белгија

Селекцијата на Летонија која не елиминираше во групната фаза на Евробаскетот по поразот од Белгија вечерва ќе ги пакува куферите. Белгијците им направија огромна услуга на кошаркарите на Украина кои и покрај поразот од Литванија обезбедија пласман помеѓу најдобрите осум.

Не е можно од тука да промашиш!

Готово! Ја имаме утката на сезоната. Не на сезоната, туку на векот! „Мајсторот“ се вика Али Сами Јахир и игра во алжирската лига.

Училиште за англиски јазик: Паоло Ди Канио

Продолжува револуцијата во Сандерленд под водство на Паоло Ди Канио. Италијанскиот стратег во текот на летото им го промени цел стил на живеење на своите фудбалери, а сега им нареди и да учат по пет нови зборови секој ден.

Светско првенство за сите навивачи

Ова е насловот на полисата за навивачи која ја претстави маркетинг директорот на ФИФА Тиери Вејл. Тој се пофали дека Мундијалот во Бразил имал најевтини билети во однос на сите други големи спортски светски случувања и дека нема да бидат гратис ниту за самите спонзори на првенството.

Тикет на колото

По паузата за интернационалните натпревари, на прогарамата се враќаат националните првенства, а за нас тоа значи огромен избор на натпревари за составување на нашиот добитен тикет.

Голови на неделата

Изминатата недела не се одиграа многу натпревари во националните првенства, но тоа не значи дека и на интернационалните натпревари немаше добри голови. Ова се најдобрите десет голови на неделата.