Фудбалерите на третолигашот Олимпик де Хатива се израдуваа кога во 1/16-финалето од шпанскиот куп го добија Реал Мадрид и издржаа машки на првиот натпревар играјќи 0:0 против екипата за која цел живот сонувале да им биде противник. Пред реваншот на Сантјаго Бернабеу, тие повторно покажаа дека не се плашат од гигантот.