Јувентус, Милан, Интер и Лацио под истрага

По последната серија апсења и рации под кои беа опфатени и Џенаро Гатусо и Кристијан Броки, италијанските медиуми ги открија сомнителните натпревари од Серија А на кои настапиле Милан, Лацио, Јувентус, Палермо и Интер.

По синоќешната операција беа уапсени четворица осомничени местачи, а беше извршен целосен претрес на домовите на Џенаро Гатузо и Кристијан Броки. Уапсените биле медијатори кои ги дознавале резултатите од фудбалерите и функционерите на клубовите и ги препродавале за суми од 250.000 до 600.000 евра.

Од 2009-та година до минатата сезона има вкупно 90 сомнителни натпревари во Серија А и Серија Б, а со последната истрага се опфатени следните натпревари:

01.02.2011 - Милан - Лацио 0:0


20.02.2011 - Киево - Милан 1:2


13.03.2011 - Милан - Бари 1:1


11.04.2012 - Јувентус - Лацио 2:1


28.04.2013 - Палермо - Интер 1:0