
Нови четири апсења во акцијата за борба против местење натпревари која започна уште во 2010-та година. Во оваа акција до сега беа уапсени познати фудбалери како Пепе Сињори, Кристијано Дони и Стефано Маури, а на листата наскоро можеби ќе бидат додадени имињата на Џенаро Гатузо и Кристијан Броки.
Италијанската полиција вчера извршила ненадејна рација во домовите на Гатузо и Броки како дел од големата акција.
Во акцијата биле уапсени поранешниот претседател на Анкона и првиот човек на фудбалскиот клуб Ричионе. Останатите двајца се Салваторе Спадано и Франческо Бацани кои се осомничени дека биле главната алка помеѓу фудбалерите и обложувачката мафија.
Гатузо и Броки бил во контакт со двајца од уапсените, посебно со Бацани кој често му успраќал пораки на Гатузо.
Во досегашниот тек на акцијата се уапсени 54 луѓе, а повеќе од 120 биле под истрага.