Суарез поефикасен од пола Премиер лига

Луис Суарез ја продолжи одличната голгетерска форма во Премиер лигата и сега тој сам има постигнато повеќе голови од пола екипи во англиската елита.

Денот кога Луис Суарез за прв пат стана капитен на Ливерпул, Уругваецот постигна два гола и помогна при постигнувањето на уште три други при победата од 0:5 на гостувањето кај Тотенхем.

На последните три натпревари тој постигна осум погодоци или вкупно 17 оваа сезона. Во моментов Суарез е најдобар стрелец во Премиер лигата и покрај тоа што пред почетокот на сезоната не тренираше со првиот тим затоа што бараше трансфер, а воопшто и не ни играше на првите пет натпревари заради суспензијата по гризењето на Ивановиќ.

Суарез постигна 17 гола на 11 одиграни натпревари, а единствен друг фудбалер со двоцифрен број на голови во премиер лигата е Серхио Агуеро со 13 голови на 15 натпревари.

По 16 одиграни натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Серхио Агуеро сам има постигнато повеќе голови од пола екипи. Сите фудбалери на седмо пласираниот Тотенхем заедно имаат постигнато 15 голови, а ниту една екипи од 11-та позиција па надоле (Астон Вила, Хал, Стоук, Норич, Кардиф, ВБА, Вест Хем, Кристал Палас, Фулам и Сандерленд) нема постигнато повеќе голови од него.

16 декември 2013 - 15:11