Барселона против Манчестер Сити во нокаут фазата

На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени осминафиналните двојки од Лигата на шампиони. Европскиот шампион повторно го доби Арсенал, Милан ќе има битка против Атлетико Мадрид, а „Кралевите" против Шалке.

Средбите во осминафиналето се очекува да ни донесат голема возбуда и неизвеснот, особено мечот помеѓу Манчестер Сити - Барселона, како и репризниот осминафинален дуел Баерн Минхен - Арсенал. Најповолна ждрепка имаше англискиот шампион, како и ланскиот финалист Борусија Дортмунд.

На ждрепката важеа стандардните две правила. Екипите кои се од исти држави и кои беа во иста група во првата фаза, не можеа да играат меѓу себе во осминафиналната нокаут фаза.

Двојки:

Манчестер Сити – Барселона
Олимпијакос – Манчестер Јунајтед
Милан – Атлетико Мадрид
Баер Леверкузен – ПСЖ
Галатасарај – Челси
Шалке – Реал Мадрид
Зенит – Борусија Дортмунд
Арсенал - Баерн Минхен

Првите осминафинални натпревари се закажани за на 18-ти и 19-ти февруари, а реваншите ќе се играат една недела подоцна.

Финалето во најелитното клупско европско натпреварување ќе се игра на 24 мај во Лисабон.

16 декември 2013 - 12:21