Кошаркарите од Лос Анџелес имаа целосна контрола на натпреварот и водеа во текот на целото прво полувреме, но домаќините направија пресврт во второто полувреме.
„Јастребите" ја искористија лошата игра во одбраната на Лејкерс и прејдоа во водство во третата четвртина и до крајот само ја зголемуваа предноста за победа од 114:100.
Коби Брајант постигна само осум поени за Лејкерси кои беа предводени од Џордан Хил со 21 поен и девет скокови.
Ал Хорфорд со 19 поени и 11 скокови беше најдобар кај Атланта, а Милсеп постигна 18 и Тиг 14 поени. Перо Антиќ го проследи натпреварот од клупата.
По 25 одиграни натпревари, Атланта Хокс има 13 победи и 12 порази.
Резултати:
Индијана - Детроит 96:101
Атланта - ЛА Лејкерс 114:100
Бостон - Минесота 101:97
Мајами - Јута 117:94
Бруклин - Филаделфија 130:94
Њујорк - Вашингтон 101:102
Чикаго - Орландо 82:83
ЛА Клиперс - Сан Антонио 115:92