Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Компани и десетмината комедијанти

Стоперот на Манчестер Сити викендов си постигна автогол кој сигурно и да се обидува уште 1000 пати, нема да успее да го повтори. Ќе ве потсетиме на неговиот потег, но и на неговите најјаки претходници.

Претседателот на Ривер Плејт бил тапкарош

Поранешниот капитен на Аргентина, Даниел Пасарела кој од пред само една недела не седи повеќе на претседателската фотеља на аргентинскиот клуб, се соочува со скандалозни обвинувања за влезници кои ги препродавал со помош на навивачите.

Наполи ги „изгоре“ типстерите

Ремито на тимот на Горан Пандев на гостувањето кај Каљари беше најголемото разочарување за типстерите ова коло.

Бизарниот спорт во 2013

Веќе кога не не бива за фудбал, кошарка, одбојка, скијање, атлетика... би можеле да се пробаме и во некој поинаков спорт како на пример копање јаглен, носење жени на грб, тркалање по кашкавал и скокање бомба во базен. Ова се најлудите спортски настани во 2013-та година.

18-годишен ултрас ја сопре Борусија Дортмунд

Младиот навивач кој не пропушта ниту еден натпревар и ја бодри Херта од Берлин заедно со ултрасите, доби шанса да го брани голот на својот омилен тим и направи сензација на гостувањето кај Борусија Дортмунд.

Само да не е како Панчев

Интер внимателно следи млад и талентиран Црногорец по име Дарко, а италијанските медиуми се уште не можат да го преболат Панчев.

Ги прати по бурек и цигари

Тоа што Флориан Товен од Марсеј им го направи на двајцата дефанзивци на Бордо, во наше маало би го искоментирале како „едниот го прати по бурек, а другиот по цигари".

Истокот стана сон за македонските фудбалери

До пред некоја година се гордеевеме со репрезентацијата во која имавме фудбалери од Бундеслигата, Серија А и силни екипи од Русија, Австрија и Кипар, а сега тие се крстат во трансфер во Азербејџан и Тајланд.

Коларов повторно го уби празничното расположение

Минатата година Србинот Александар Коларов од Манчестер Сити ни го уништи празничното расположение, а оваа година не само што не откажа од славење, туку и не исплаши за веќе да не ни помислиме на Дедо Мраз, Божиќ и Нова Година.

Бразил го освои женскиот ракометен Мундијал

Женската ракометна селекција на Бразил стигна до првото злато на светските првенства, а во финалниот меч во преполната белградска арена ја совлада репрезентацијата на Србија со 22:20.

Фудбалот во 2013

Фудбалскиот "Цајтгајст" ќе не потсети на сите прекрасни моменти од најважната споредна работа на планетата кои ја одбележаа годината што изминува.

Баерн Минхен на врвот на светот

Актуелниот европски шампион, екипата на Баерн Минхен го совладаа домаќинот на завршниот турнир во Мароко и ја освоија титулата од Светското клупско првенство.

Прв гостински триумф за МЗТ во Јадранската лига

По големата победа против Црвена Звезда, македонскиот шампион влезе мотивиран на дуелот во Крагувеац каде тотално доминираше и заслужено славеше против кошаркарите на Раднички со 69:79.

Типстер тикет на колото

Овој викенд добивме големо засилување во изборот на натпреварите за типување. Тикетот на колото го состави лидерот на Типстер, ViGi кој со вкупниот досегашен профит е осамен на челната позиција. 

Монструозното забивање на Леброн

Леброн Џејмс му посака топло добредојде во НБА лигата на дебитантот Бен Меклемор со ова сурово забивање за веќе да не му падне на памет да му застане на патот.

Голови на неделата

Најдобрите десет голчишта од изминатите седум денови помеѓу кои се мајсториите на Адебајор, Коларов, Геце и Гуркуф.

Атланта ја растури Јута

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа третата победа во серија на домашен терен, совладувајќи ја Јута Џез со убедливи 118:85. Перо Антиќ одигра солидна партија со седум поени.

Кога ќе ти се издерат пред шут

Џими Батлер од Чикаго Булс шутираше слободно фрлање во прилично мирна атмосфера, но од публиката доволно беше да го деконцентрира само една будала за да го промаши. На крајот барем доби честитки за Божиќ.

Еве ти 16 милиони и не мора да ни бидеш тренер

Не е ова некоја измисленa бајка, туку тазе случај од тренерскиот занает во Премиер лигата кој сигурно дека секој посакува да го искуси, барем еднаш.

Квалификациски меч за Светското бил мета на терористи

Бомбата која била испланирана да се искористи на стадион пред околу два месеци, експлодира ненадејно на погрешно место.

Македонија во петтиот шешир за ЕУРО 2016

Македонската фудбалска репрезентација предводена од новиот селектор Бошко Ѓуровски ќе биде извлечена од претпоследниот шешир за квалификацискиот циклус на следното европско.

Тајсон одел на забави со измет од гулаби на главата

Дрога, алкохол и силување се темите за кои најчесто се пишува за најконтроверзниот боксер кој никогаш немал проблем да си раскаже по некоја некоја глупост која ја правел додека бил надвор од рингот. Уште пред да почне со последното интервјуто за Би-Би-Си сам си почнал муабет за своите пороци.

Тајните на Кристијано Роналдо

Кариерата на Кристијано Роналдо од сезона во сезона оди го нагорна линија и оваа година тој е најблиску до Златната топка, а напредокот се должи на неговата професионалност.