Јавниот обвинител на Аргентина побара да се уапси Пасарела со образложение дека како прв човек на Ривер Плејт направил проневера со пари во клубот, а потоа ги искористил за финансирање на својата политичка кампања.
Во аферата која ја пренесоа аргентинските медиуми стои дека на големото дерби против Бока Јуниорс, тој со помош на четворица водачи на навивачката група фалсификувал 1.300 билети, а во препродажбата на картите обвинети се дека учествувале и потпретседателот на клубот и двајца полицајци.
Натпреварот се одиграл во јуни минатата година кога навивачите кои имаат членски карти кога се обиделе преку интернет да набават билети, на сајтот на екипата пишувало дека се е распродадено, а потоа на мечот се појавиле и дупли карти.
Еден од навивачите на домашниот тим изел и ќотек затоа што не можел да го убеди човекот дека седи на неговото нумерирано седиште за кое и тој имал влезница.
Пасарела кој се кандидираше на парламентарните избори во Аргентина е сменет од претседателската позиција на Ривер Плејт пред една недела, а обвинителството тврди дека тој направил измама тешка околу 500.000 долари.
Како фудбалер покрај во аргентинското првенство, Пасарела го носеше дресот и на Фиорентина и Интер, а на Мундијалот во 1978 година беше капитен на аргентинската селекција која стана светски првак. Како дел од својата политичка кариера тој е предмет и на други истраги кои можно е да се обелоденат во јавноста овие денови.