Среќникот кој фино лепо ќе си ја искешира сумата на пари која ја прочитавте во насловот е Андре Вилаш Боаш кој веќе на 36 години го наполни џебот и не мора повеќе да работи.
Фудбалерите на Тотенхем немаа лек за налетот на Суарез и компанија кои минатиот викенд на гостувањетото во Лондон ги потопија домаќините со пет парчиња во мрежата, а најголемата одговорност отиде кај нивниот тренер кој беше отпуштен.
Португалскиот стратег не би требало да е тажен затоа што Спарси ќе му исплатат 4 милиони евра оштета бидејќи договорот му е на три години. Но тоа на Боаш не му се случува прв пат во Премиер лигата. Гзлакот во сезоната 2011/2012 го водеше тимот на Челси каде исто така имаше потпишано три годишен договор.
Но на жешкото столче каде газда Абрамович често пати врши промени, не издржа ниту една цела сезона, а кога се поздрави со „Сините", за неуспешно завршената работа си доби 12 милиони евра.
Згора на се и двете екипи се од Лондон, па ако му касни некој со исплата, нема да има големи трошоци за да ги посетува.
Му посакуваме пријатен зимски распуст на младиот стратег кој со тимот на Порто стана најмлад тренер кој ја има освоено Лигата на Европа и ќе се помолиме да не фати „мајата“ од тебе.