Целта на бомбашите на кои не им успеа планот, бил натпреварот помеѓу Етиопија и Нигерија кој се одигра во октомври оваа година во рамките на квалификациите за Мундијалот во Бразил.
Се работело за исламска група која планирала да изврши бомбашки напад на стадионот „Адис Адама" за време на квалификацискиот меч, но дел од групата од за сега непознати причини се разнесе во куќа во близина на стадионот.
Полицијата во Етиопија уапси петмина членови на групата кои не биле во куќата кога експлодирала бомбата.