Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Офсајд правилото за жени

Мажите повеќе нема да имаат проблем да им го објаснат офсајд правилото на своите понежни половини. Го имаме перфектното објаснување.

Најдобрите дриблинзи во 2013

Се ближи крајот на годината и следува период за сумирање на впечатоците и избирање на моментите кои ја одбележаа 2013-та. Ова се најдобрите дриблинзи.

Најуспешните млади тренерски имиња

За стручњаците обично велиме дека треба да имаат искуство за да го работат фудбалскиот занает. Но во последните години ова непишано правило се помалку важи. Toa го докажа Гвардиола кој се радуваше на 14 трофеи со Барселона и Вилаш Боаш кој со Порто ја освои Лигата на Европа на само 33 години.

Гатузо не одговарал на СМС пораките

Поранешниот фудбалер на Милан кој важеше за голем борец и кој често пати ги добиваше жестоките дуели на теренот, најавува дека ќе биде победник и во оваа битка и ги отфрла сите обвинувања дека местел натпревари.

Како Роналдињо си поигруваше со Мароканците

Екипата на Раја Казабланка од Мароко која е домаќин на Светското клупско првенство направи сензација со триумфот во полуфиналниот дуел против Атлетико Минеиро од 3:1, но и покрај тоа ѕвезда на вечерта беше Бразилскиот напаѓач кој им кршеше кичми.

Проектилот на Гуркуф

Јоан Гуркуф е познат по својот опасен шут и неговите голчишта од голема далечина. Пред некоја недела го имаше најдобриот непризнат гол во Лига Европа, а синоќа на натпревар од францускиот куп против Реимс ја скина мрежата од 30 метри.

Премиер лига на странци и старци

Споредено со останатите лиги од петте најсилни во Европа, фудбалските клубови од англиската Премиер лига најмалку им даваат шанси на младите фудбалери, а најмногу на странците.

Македонија 83-та според ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија на последното рангирање на ФИФА во 2013 година оствари скок од едно место.

Како индискиот санкач се спрема за Олимпијада

Нашите спортисти се жалат дека немаат услови и инфраструктура и со тоа се правдаат за лошите резултати, но што да каже индискиот санкач кој во цела земја нема патека, па тренира на улица меѓу кози.

За малку тепачка на клупата на Мајами

Марио Чалмерс секогаш е мета на неговите соиграчи при напнати ситуации, но овој пат тој се извлече за влакно. Соиграчите во последен момент го задржаа Леброн Џејмс за време на натпреварот против Индијана кој Мајами го доби со 97:94.

Рекордна ноќ за Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс врзаа две победи совладувајќи ги Сакраменто Кингс на натпревар на кој „Јастребите" срушија и израмнија неколку рекорди. Антиќ доби пет ипол минути.

Крај со пораз за МЗТ во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски шампион ја заврши неуспешната дебитантска сезона во Еврокупот. МЗТ Скопје во последното коло загуби и од руски Уникс Казан.

Фудбалер од Бундес лигата си ја натепа девојката

Проблематичниот напаѓач од Конго, Доминик Кумбела кој е познат по правење инциденти неколку пати беше отпуштан од поранешните клубови.

Тишина!

Замолчувањето со прст често пати се користи во фудбалот како резултат на големата радост и еуфорија откако фудбалерите ќе постигнал гол. Некои тоа го прават иронично кон своите поранешни навивачи, а нас ни беше најмногу ќејф кога го видовме Артим Шаќири против Англија откако го постигна легендарниот гол од корнер.

Христијан Илиевски имал средби со новите уапсени местачи

Во истрагата на италијанската полиција повторно се појави името на македонскиот државјанин Христијан Илиевски пред кого главноосомничените Франческо Бацани и Спадаро Салваторе ваделе компјутер и покажувале кои натпревари се сигурни за играње во кладилница.

Убавината на новите технологии во спортот

Многу навивачи се бунат дека спортот се уништува со употребата на напредните технологии како на пример камерите на секој агол, но и тие ќе ги затворат устите откако ќе ја изгледаат оваа снимка која ни ги доловува убавините кои ни ги пружаат овие новите технологии.

Најдоброто промашено забивање

Андре Игудала го одигра првиот натпревар за Голден Стејт по повредата од минатиот месец и за малку ќе го направеше најдоброто забивање на сезоната, но Џејсон Смит му го попречи патот до кошот.

Фудбалери во окови

Здружението на професионални фудбалери, ФИФПро ќе преземе правни мерки против моменталниот трансфер систем според кој фудбалерите се уште се заробени во своите клубови.

Борис Бекер е новиот тренер на Ѓоковиќ

Најдобриот српски тенисер ќе се усовршува со помош на легендата кој ги одбележа 80-те и 90-те години.

Се сруши цела трибина на стадион во Индија

Ужасни сцени ни пристигнуваат од Индија. Се сруши цела трибина на фудбалско игралиште.

Тешко на Лавеци

За ваков инцидент, ништо чудно по натпреварот помеѓу Рен и ПСЖ викендов, Златан Ибрахимовиќ да го има пратено Езекиел Лавеци на костозглобно.

Посебни навивачки минути

Навивачите на повеќе фудбалски клубови имаат свој момент од натпреварот кој го користат за оддавање почит или едноставно за забава.