
Кумбела кој настапува за германскиот прволигаш Брауншвајг е обвинет дека физички ја нападнал својата девојка, но ова не му е прв пат. Во 2009 година тој беше суспендиран на 14 месеци откако во ноќен клуб ја натепа својата бремена жена, но и член на обезбедувањето.
Истата година додека настапвање на Кајзерслаутен беше казнет со 3.500 евра поради физично насилство, а клубот одлучи да го исфрли откако во јавност пушел марихуана.
Напаѓачот од Конго беше и под истрага за наместени натпревари за што доби и казна, откако по телефон добил понуда од непознато лице.
Минатата година тој беше најдобар стрелец во втората германска лига и еден од најзаслужните што екипата на Брауншвајг оваа сезона е дел од Бундес лигата.