Македонија 83-та според ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија на последното рангирање на ФИФА во 2013 година оствари скок од едно место.

Нашиот национален состав без одиграни натпревари во последниот период се искачи на 83-та позиција на ранг листата на ФИФА со која ќе ја стартува новата година. Но тоа не е за фалење, затоа што пред нас се наоѓа селекцијата на Конго.

Во 2014 година Македонија ќе почне со новиот предводник Бошко Ѓуровски од кој ќе се очекуваат подобри резултати и повисок рејтинг за нашата репрезентација.

На врвот и натаму се наоѓа светскиот шампион Шпанија, на второ место е Германија, трета е Аргентина, а потоа следуваат Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил.

19 декември 2013 - 12:22