Астон Вила / Стилијан Петров - 19 минута
Бугаринот Стилијан Петров седум сезони го носеше дресот на Астон Вила со број 19. Тој стана капитен на тимот и омилен фудбалер на навивачите, но во март 2012-та беше откриено дека боледува од леукемија. Петров беше приморан да ја прекине кариерата, а секој натпревар во 19-та минута навивачите на Астон Вила со стоечки овации потсетуваат дека тој засекогаш ќе биде нивниот омилен капитен.
Барселона / Ерик Абидал - 22 минута
Во март 2011-та година, фудбалскиот клуб Барселона објави дека Абидал е приморан да направи пауза во кариерата заради тумор. Од тој момент, па се до неговото враќање на терените, навивачите на Барселона аплаудираа 60 секунди на секој натпревар во 22-та минута (бројот на Абидал).
Торонто - 24 минута
Фудбалскиот клуб Торонто е оформен во 2006-та и следната година стана првиот канадски тим во американската МЛС лига. На првиот натпревар во МЛС лигата на 12 мај 2007-та година, во 24-та минута Дени Дикио го постигна првиот гол во историјата на клубот и од тогаш на секој натпревар во 24-та минута навивачите почнуваат да пеат и да го слават тој момент.
АИК / Иван Турина - 27 минута
На 3 мај оваа година, фудбалскиот свет беше ужаснат од трагичната вест за ненадејната смрт на хрватскиот голман Иван Турина кој бранеше за шведскиот клуб АИК. На секој следен натпревар, навивачите на АИК му оддаваат почит на Турина во 27-та минута (бројот на неговиот дрес).
Андерлехт / Марсин Василевски - 27 минута
Полскиот интернационалец за малку ќе мораше да ја заврши кариерата во 2009-та минута кога заработи страшна двојна скршеница на ногата за време на натпревар од белгиското првенство. Василевски беше миленик на навивачите на Андерлехт каде го носеше бројот 27, па на секој следен натпревар во 27-та минута тие започнуваа песна во негова чест со што тие го мотивираа играчот и тој се врати на терените по осум месеци.
Трабзонспор - 61 минута
Турските навивачи се познати по своето фанатично навивање, а навивачите на Трабзон дополнително полудуваат во 61-та минута на секој домашен натпреват. Тогаш палат пиротехника, бакљи, фрлаат конфети и балони и пеат најгласно. Зошто 61? Едноставно затоа што тоа е кодот на градот Трабзон.
Ајнтрахт Брауншвајг - 67 минута
По пауза од 28 години, Ајнтрахт Брауншвајг оваа сезона се врати во Бундеслигата. Клубот има богата традиција и една шампионската титула од 1967-та година. Токму затоа на секоја натпревар во 67-та минута навивачите ја започнуваат својата шампионска песна.
Лацио / Сенад Лулиќ - 71 минута
На 26 мај за прв пат во историјата, најголемите ривали Лацио и Рома се сретнаа во финалето на италијанскиот куп, а освен титулата, победникот се пласираше и во Лига Европа. За навивачите на двата тима овој натпревар имаше важност исто како и финале на Светско првенство, па помеѓу навивачите на Лацио настана делириум во 71-та минута кога Лулиќ го постигна единствениот гол. Од тогаш на секој натпревар, навивачите на Лацио во 71-та минута со песна потсетуваат за успехот и им фаќаат сеир на своите градски ривали.