Славниот германски тенисер ќе почне со тренерската работа на почетокот од идната година, а досегашниот тренер на Ѓоковиќ, Маријан Вајда ќе остане како член на стручниот штаб на вториот најдобар рекет во светот.
Борис Бекер беше најдобар светски тенисер и стигна до шест титули на Грен слем турнирите, а во 1985 година ја изненади светската спортска јавност со освојувањето на најпрестижниот турнир Вимблдон на само 17 години.
Неговата силна страна беше нападот како и одличниот сервис, а од него ќе се очекува да му донесе поголем квалитет на Ѓоковиќ во играта на мрежа.
Бекер кој се пензионираше од тенисот во 1999 година работеше како стручен коментатор, а веќе наредниот месец неговата соработка со Ѓоковиќ ќе започне на Австралија Опен каде наредниот месец Србинот ќе ја брани титулата.