Секој клуб од Премиер лигата во просек во својот состав има по 6,97 фудбалери од странство. Најмногу има Њукасл (9,8), а следат Манчестер Сити (9,4), Арсенал (8,7) и Стоук (8,1). Најмалку (по 5) имаат Норич и Кардиф.
Најмногу странци од сите клубови во Топ 5 лигите од Европа има Интер. Тие во својот состав во просек имаат по 10,2 странци на натпревар. Италијанската Серија А со 5,87 странци е втора на листата зад Премиер лигата.
Трета е Бундеслигата со 4,64 каде најмногу странци има Волфсбург (7,9), во Шпанија во просек играат по 4,24 странци на натпревар, а најмалку има во Франција (3,59).
Во Англија има најмногу странци, но повеќето од нив се од ЕУ. Најмногу неевропски фудбалери играат во Италија (3,2), а зад неа се Шпанија (2,5), Франција (2,4), Германија (1,7) и Англија (1,6).
Освен што играат со странци, Англичаните играат и со најмногу старци. Екипите во просек имаат само по 0,74 фудбалери до 21 година на натпревар. Серија А има 0,96, Шпанската Примера 1,24, Германската Бундеслига 1,52, а Француската Лига 1 има 1,61 играч до 21 година по тим.