„Кој датум е денеска? На 14 декември правам точно четири месеци од кога сум чист", му рекол Мајк Тајсон на новинарот додека се подготвувале за интервју на британската ТВ.
Но за неговите пијанки кои со години ги раскажува пред јавноста подолу, сега имаме нови и мошне интересни флешови од неговото бурно минато кога бил многу по гулабите.
„Како мал не сакав баш да одам во школо. Бев многу дебел, а очајно сакав да изгледам како другите момци кои беа слаби. Почнавме заедно да летаме гулаби, а тие ми помогнаа да изградам гулабарник. Се сеќавам дека кога имав 10 и 11 години одевме на игранки во училиште, но јас никогаш не знаев дека претходно треба да одам да се избањам. Одев смрдлив со гомна од гулаби на мене и сите ми се смееа, па и јас си се смеев сам на себе", вели Тајсон во едно од неговите стотици искрени интервјуа.
Откако Тајсон испаднал глуп пред цело школо, го дотерале и повторно го пратиле на игранките, но за тоа имало услов кој веднаш го исполнил.
„Еден од постарите момци ми рече да се најдеме кај гулабарникот за да ме научи како да крадеме по куќи. Тоа го правевме цел ден, а потоа ме однесе на шопинг, ме дотера од глава до петици и ме прати на забавите. Тоа веќе беше многу поразлично. Никој не знаеше дека сум истиот на кој му се смееја минатиот пат. Значи фората е како ќе се претставиш пред луѓето", вели Тајсон.
Е сега одиме кај алкохолот за кој веќе е познато дека го консумираше ко стока, потоа се дрогираше, тепаше и силуваше што ќе му дојде.
„Обично пиев се додека не ме уапсат или додека не направев сообраќајка со колата. Не можам да кажам дека нема повторно да му се вратам на пиењето, можам само да кажам дека најважно е што до сега сум среќен што ништо не ми се случило. Сега не слушате ништо за мене. Не одам во клубови и немам 45 девојки, но имам други проблеми кои треба да ги решам", изјави поранешниот боксер.
После сето ова кое е само мал дел од неговото ептен контроверзно минато, поранешниот затвореник пред две години стана татко по осми пат, а тоа му беше второ дете со неговата трета жена.
Ако ова ви беше малку за човекот кој му го врати увото на Холифилд, еве нешто и за неговиот лажен пенис.