Легендарниот Мајк Тајсон ја објави својата контроверзна автобиографија која изобилува со интересни приказни од неговиот живот.
Помеѓу другото, Тајсон призна дека пред борбите се дрогирал, а тестовите за допинг и дрога ги избегнувал со помош на лажен пенис.
Голем дел од неговата кариера тој бил зависен од кокаин и марихуана и призна дека бил издрогиран за време на прес конференцијата пред борбата со Ленок Луис на која тој направи голем скандал.
Тестовите за користење на допинг и дрога тој вешто ги избегнувал со помош на лажен пенис кој бил полн со нечија чиста урина, но во 2000-та година не успеал на време да го земе пластичното помагало, па бил позитивен на марихуана и заработи казна од 200.000 долари.
Во својата автобиографија Тајсон опишува и како се обидел да избегне затвор заради силување на 18-годишна девојка. Тој посетил вуду свештеник кој му рекол да стави 500 долари во тегла и да се измоча на парите, а теглата да ја чува три дена под кревет. Според вуду ритуалот, тој со себе во судот требал да носи и едно јајце и гулаб.
Ништо од тоа не му помогнало затоа што беше осуден на шест години затвор, а зад решетки помина три години.