Кристијано Роналдо е опседнат со неговиот тренинг. Трансформацијата на неговото тело, од слабо момче до мускулест маж беше очигледна по неговото доаѓање во Манчестер Јунајтед, а со истото темпо продолжи и во Мадрид.
Роналдо тренира пет пати неделно во тренинг кампот на Реал Мадрид, во зависност од распоредот на натпреварите во таа недела. Просечно, тој тренира по три до четири часа дневно и следи строг план за исхрана. Во документарниот филм "Regresso dos Incríveis 2010" Роналдо исто така изјави и дека тој многу го почитува своето време за спиење и дека секогаш си легнува многу рано за да може да се разбуди порано.
Дневната рутина на Роналдо:
- 3 до 4 часа дневен тренинг со кој се намалува салото (<10%)
- Кардио тренинг со неколку периоди со трчање (25-30 минути)
- Краток период на тренинг со спринтови со голем интензитет
- Тренинг за техника за пдобрување на контролата на топката
- Тактички тренинг со соиграчите
- Тренинг во вежбална за развивање на одредени мускули
- Дома прави уште 2.000 стомачни пред ТВ
- Мали оброци, шест пати дневно. Без шеќер и маснотии. Најмногу пилешко, зеленчук и храна богата со диетални влакна.