
Нашиот национален тим заврши на дното во групата на квалификациите за Мундијалот во Бразил, а противниците за следните квалификации за ЕУРО 2016 ќе ги чека од петтиот барабан.
Квалификациските групи ќе бидат извлечени на 23 февруари идната година, а ова ќе биде прв европски континентален собир на кој ќе учествуваат 24 селекции.
Покрај домаќинот Франција, ќе се пласираат лидерите и второпласираните репрезентации од сите девет групи, како и најдобрата третопласирана селекција. Останатите осум ќе играат дополнителни бараж натпревари.
Квалификациите ќе започнат на 7 септември 2014 година, а ќе траат до 13 октомври 2015 година.
Прв шешир: Шпанија, Германија, Англија, Португалија, Грција, Русија, Холандија, Италија, Босна и Херцеговина.
Втор шешир: Хрватска, Белгија, Украина, Шведска, Данска, Швајцарија, Чешка, Унгарија, Република Ирска
Трет шешир: Турција, Словенија, Израел, Србија, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Црна Гора
Четврти шешир: Ерменија, Полска, Шкотска, Финска, Латвија, Бугарија, Естонија, Белорусија, Велс
Петти шешир: Македонија, Исланд, Северна Ирска, Кипар, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан и Грузија
Шести шешир: Луксембург, Казахстан, Лихтенштајн, Фарски острови, Малта, Андора, Сан Марино, Гибралтар.