Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Вардарки триумфално ја отвораат четвртфиналната фаза

Тимот на Индира Кастратовиќ одлично го стартуваше патот кон фајн форот во ракометната Лига на шампионите. Првиот противник од Германија, тимот на Турингер падна во „Борис Трајковски" и си замина поразен со резултат 31:25.

Првиот пик во сенка на Перо Антиќ

Нашиот фантастичен дебитант Перо Антиќ си доби место на натпреварот на ѕвездите во подем на Ол Стар викендот, а таму нема да го видиме првиот пик на драфтот Ентони Бенет. Ова до сега се има случено само еднаш во историјата на НБА.

МЗТ му го зема скалпот и на Мега Визура

По големиот триумф против Партизан среде Белград, актуелниот македонскиот шампион совлада уште еден српски претставник во АБА лигата, овој пат тимот од Смедерево со 80:72 и со тоа фати приклучот за борба помѓу првите шест екипи на табелата.

Тикет на колото

Овој викенд при изборот на натпревари за нашиот тикет на колото, помош ќе имаме од Типстер шампионот на полусезоната - ViGi.

Голови на неделата

Во изборот на TVGOLO за најдобрите десет голови од изминатата недела се најдоа и ремек-делата на Игуаин, Јанг, Стариџ, Алкантара, Оскар...

Завршува ерата на Дејвид Штерн

Легендарниот комесар на најсилната кошаркарска лига во светот по три децении работа ја напушта највисоката раководна функција. Ќе остане запаметен како еден од најзаслужните луѓе за реформите во НБА лигата во 80-те години.

Ножички кои решија натпревар

Од головиве со ножички навистина нема крај, но ние не ги потценуваме, а и понатаму ќе ги објавуваме. Последниот мајстор е Родриго Мора кој на својот тим Универзидад Де Чиле му донесе триумф над Гварани Либертадорес. 

Волеј петица

Италијанскиот дефанзивец Габриеле Анџела кој настапува за Ватфорд го постигна можеби најатрактивниот гол за изминатава недела на мечот против Форест.

Супер сингл на Типстер

Отсега ќе можете да типувате на натпревари со зголемени коефициенти и поголем влог.

Вардарки го стартуваат четвртфиналниот поход

Актуелниот македонски ракометен шампион во женска конкуренција борбата за пласман во фајнл форот ја започнува против германскиот тим Турингер, меч кој е закажан за в недела со почеток од 18 часот во салата „Борис Трајковски".

Тимот кој знае најдобро да профитира од тргување со играчи

Во хотелот за трансфери во Милано денеска сите ќе тактизираат и ќе се обидат да стигнат до некоја поволна зделка без да го  оштетат многу сопствениот буџет. Ако некој клуб сака да научи како се прават пари од продажба на играчи нека го погледнат моделот на Удинезе.

НБА за инает на НФЛ

Во недела во Њу Џерси ќе се одигра Супер Боул натпреварот од НФЛ лигата, а НБА тоа добро го искористи и закажа супер интересен натпревар во комшии.

Италијанскиот хотел за трансфери

Денес е последниот ден од зимскиот трансфер период, денот кога целото внимание на италијанската фудбалска јавност ќе биде насочено кон еден хотел во Милано.

Малку сеир

Фудбалерите на Милвол и Шефилд синоќа ремизираа во Чемпионшип лигата, а малку и се срчкаа, но ние не го објавиваме ова видео поради нив. Ќе си видите сами.

Фасцинантните бројки на Манчестер Сити

Иако до крајот на сезоната во англиското првенство има уште 15 кола, составот на Пелегрини веќе стана поефикасен од целата ланска сезона и со тоа покажа дека е машина за постигнување на голови со одлична бројка од 115 на сите натпреварувања.

Технологијата зад Бразука

Топка ко топка - округла. Епа не е баш така. Луѓето од Адидас не за џабе потрошија две години за да ја направат официјалната топка која ќе се користи на Светското првенство во Бразил.

ФФМ му подари дрес на колекционерот

Одличен гест од Фудбалската федерација на Македонија. Откако ја напишавме приказната за колекционерот од Германија, ФФМ се понуди да му ја збогати колекцијата со дресот кој му недостига.

Колку чини еден шампионски тим

Актуелниот европски владетел, екипата на Баерн Минхен за да го состави својот шампионски тим потроши скоро двојно помалку отколку Манчестер Јунајтед.

Нокаут од соиграч

Фудбалерот на холандскиот второлигаш Ос, Јохем Јансен на натпреварот против вториот тим на Ајакс си ја научи лекцијата дека никогаш не треба да и врти грб на топката, дури ни кога таа е кај негов соиграч.

Перо Антиќ ќе игра на Ол стар!

Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.

Ежени Бушар - новата златна девојка на тенисот

Таа сè уште нема освоено ниту еден голем турнир, но тениската ѕвезда во подем Ежени Бушар се очекува да биде следното најголемо маркетинг лице во женскиот спорт.

Офсајд спортистка

Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.

Голчиште на денот

Фудбалерите на Блекпул беа торпедирани со пет парчиња од Ридинг, но тие одговорија со најубавиот гол на средбата кој е дело на Стивен Дејвис.