Не само што Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид не успеаа да победат по што Атлетико испушти да ја освои титулата, а Реал испадна од трката за трофеј, туку оваа недела не успеа да победи ниту еден од првите шест екипи во шпанската Примера.
Овие изненадувачки резултати им донесоа огромен профит на кладилниците и загуби на натпреварувачите на Типстер каде натпреварите на Атлетико, Барса и Реал беа меѓу најтипуваните овој викенд. Освен нив, потфрли и Пелистер против Брегалница, Лион против Лориен, а многумина очекуваа и барем три гола на Рома-Јувентус.
За среќа на типстерите, трите најтипувани завршија како што тие прогнозираа. Викендов победија Интер против Лацио, Вардар против Турново, како и Работнички кој со победата над Еуромилк ја обезбеди двојната круна.
Најголем махер викендов беше Стефан Колев кој погоди 47 од 89 типувани натпревари и ќари 238,6 кредити. Зад него се Darko L со 182 и Dejan Todoroski со профит од 130,4 кредити.