Сезонава во Шпанија не е сè во Реал и Барселона. Едните се борат за Лига на шампионите, другите за Примера, а Атлетико Мадрид за двојна круна која доколку ја освојат тоа ќе биде сензација и шок за гигантите.
Првиот меч на сезоната Мадриѓаните ќе го играат в недела на гости на „Камп Ноу“ каде доколку освојат бод, пехарот ќе биде во нивни раце. Оваа сезона сите претходни натпревари покажуваат дека Тата Мартино не знаел како против Атлетико.
Во двојната пресметка од финалето во Супер Купот, трофејот отиде во рацете на Барса, но без да победат. Првиот меч во Мадрид заврши 1:1, а на реваншот немаше голови. Во четвртфиналето од Лигата на шампионите момчињата на Симеоне ја елиминираа Барселона со победа на домашен терен од 1:0, откако претходно имаа одлични 1:1.
Доказ дека овие две екипи сезонава одиграле тврди натпревари е единственото нивно соочување во Примера каде на „Висенте Калдерон“ одиграа само 0:0. Барселона на овие пет меча успеа сам два пати да ја затресе мрежата преку Нејмар, кој за беља сега им е повреден.
Саботната мега пресметка, ќе биде трет условно кажано финален меч за титулата во шпанското првенство, а интересно е што и на двете средби во минатото, по еднаш учествувале и двете екипи.
Првиот пат во далечната 1946 година Барселона ја загубила титулата, откако со бод помалку во последното коло морала да оди на победа против Севиља, но натпреварот завршил 1:1.
Вториот пат кога титулата се решавала во директен дуел во последната рунда, се радувал тимот на Атлетико Мадрид. Во трката за трофејот повторно била екипата на Севиља, но овој пат таа имала два бода помалку, а натпреварот завршил без победник.