La Maledetta или „проклетничка" е името на препознатливиот шут од слободен удар на Пирло. Тоа е оној шут кога топката поминува малку над живиот ѕид, а потоа паѓа во мрежата.
Во својата автобиографија тој напиша кој го инспирирал, но и како се инспирирал.
„Антонио Аугустио Рибеиро Реис Жуниор, фудбалерот од средниот ред кој влезе во историјата како Жунињо Пернамбукано. Го проучував, собирав ДВД снимки, дури и стари фотографии од натпреварите кои ги играл. Можев да видам што прави, но не и како. Пробував да го имитирам на тренинзите, но беше залудно.
Сè до „мојот Еурека момент" кој дојде додека седев на ВЦ-шолја. Не е баш романтично, но што да правам. Потрагата за тајната на Жунињо се претвори во опсесија и постојано ми беше во мислите. И тогаш, во момент на максимално напрегање, попушти браната, во секоја смисла на таа фраза. Магичната формула беше во тоа како се удира топката, а не каде: само три прсти од стапалото на Жунињо доаѓаат во контакт со топката, а не цело стапало."
Следниот ден Пирло стигнал на тренингот во Миланело пред сите останати. Веднаш отишол на теренот, дури и во обични патики затоа што не му биле потребни копачки за да ја докаже својата теорија. Упатил шут како што замислувал и топката завршила во аголот на тој начин што и голман не може да ја одбрани. Пирло конечно го разбил „Кодот на Жунињо".
„Топката мора да се зафати од долната страна, користејќи ги првите три прсти. Ногата мора да ја испружите што е можно порамно, а потоа да ја опуштите во залет. Така топката нема да се врти во воздухот, но забрзано ќе паѓа кон голот. А тогаш ќе почне и да ротира. Тоа во најкратки црти е мојата La Maledetta."