Таг: жунињо

Селскиот Жунињо

Браво голман во иронична смисла е коментар на место кој можеше да се чуе во клипот. Само месечар може да прими ваква балонка.

Ремек делото на Жунињо во ЛШ против Барса

Годината е 2009-та, на жив ѕид се застанати Ето и Меси, а на гол Виктор Валдес. Сè е тука залудно, бидејќи го имаш докторот за слободни удари кој едноставно те шокира и буни што од таму ја кова, а не нафрлува. Не се повторува вакво нешто.

Колку лудачки гол на Жунињо против Барса беше ова

Нема голман на кој не му прпаше кога Лион ќе добиеше слободен удар, ама и нема голман кој мислеше дека може од ваков агол да изведе вакво ремек дело. Па од тука обично се нафрла, ама така не мислеше богот на слободните удари и специјалист за сув лист, кој знаеше да распали од 40 метри.

Кои се најдобри изведувачи на слободни на сите времиња

Пирло, Михајловиќ, Рожерио Сени, Бекам, Роналдињо, Маркос Асунсао, Жунињо Пернамбукано, Зико, Рамбо Петковиќ и Марелињо Кариока важат за најдобри изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.

И Оскар од Челси падна во искушение за Кина

Иако има неполни 25 години и е на врвот од кариерата, Бразилецот Оскар го голтна мамецот од Кина вреден 60 милиони фунти и ризикува остатокот од светот да не ја следи неговата кариера ако замине на далечниот исток. Што е негативна страна на трансферот во Кина?

Среќен роденден, Жунињо

Бразилецот во кариерата играше за Спорт, Васко да Гама, Лион, Ал-Гарафа и Њујорк Ред Булс. На 507 натпревари постигна вкупно 131 гол, од кои повеќето беа на за него препознатлив начин. Специјалистот за сув лист денес полни 40 години.

Кои фудбалски легенди ги испративме во пензија во 2014-та

Ниту едно име не е залутано на листава. Сите беа дел од кремот, но годините ги стасаа па копачките почнаа да ги закачуваат на клинец. Абидал го победи ракот, Занети и Гигс трчаа до 40, а Ривалдо им водеше инает на годините и се повлече на 41.

Жунињо е синоним за голови од слободни

Голманите се тресеа кога местеа жив ѕид за да го бранат голот од слободниот удар за кој се спремаше Жунињо. Многу од нив само ја вадеа топката од мрежата и ја рогаа накај центарот.

Пирло го разбил кодот на Жунињо на ВЦ-шолја

Во неодамна објавената автобиографија, Андреа Пирло ја откри својата најголема тајна - како за време на еден престој во ВЦ, во момент на максимална концентрација се роди неговото чедо: La Maledetta.

Дуелот кој ќе ни недостига вечерва

Натпреварот помеѓу Јувентус и Лион е можеби најинтересната двојка во четвртфиналето од Лига Европа каде се уште не е решен патникот во полуфинале. Под некои други околности ќе гледавме директна пресметка помеѓу двајца учители за голови од слободен удар.