„Старата Дама“ веќе трета година по ред доминира во италијанското фудбалско првенство и во 110 сезони е најдоминантниот италијански клуб со 30 освоени титули. Втората подобра серија од оваа, Јувентус ја направи во 30-те години кога стигна до пет Скудета во низа.
Истиот успех го повтори нивниот градски ривал Торино по Втората светска војна, а потоа и Интер почнувајќи од 2006 година кога поради скандалот Калчополи, една титула на Јуве отиде во нивните раце.
Но на што се должи оваа доминација на тимот на Конте?
1. Го имаат кремот
Јувентус го има најдобриот тренер, најдобриот тим и најдобрата управа во Италија. Сите овие три работи имаат заслуга за успехот на клубот во Серија А. Конте е одличен мотиватор, со „црвено-црно“ педигре кое го прави да биде поверодостоен во очите на играчите.
Раководните луѓе се заслужни за одличната трансфер политика, како што е купувањето на Тевез и Љоренте, но да не се заборави ниту позајмениот играч од Сасуоло, Доменико Берардни, а ниту изградбата на стадионот. Тие се нивниот 12 играч на теренот, а 17 победи по ред на домашен терен, нешто значи.
Поминаа скоро три години откако се преселија на „Јувентус Стадиум“ и не загубија ниту едно Скудето. Предност е да се има сопствен стадионот, а Јуве е прв клуб кој после нисколигашот Реџана си изгради свој. Од стадионот остварува приходи од околу 40 милиони долари, кои потоа може да се искористат за трансфери.
2. Пет титули во низа?
Јувентус веројатно ќе освои уште барем едно или две Скудета по ред. Има само две екипи кои на финансиско поле може да се носат со нив, а тоа се Интер и Милан, освен ако не се појави некој од друга планета.
Но гигантите од Милано имаат работа за да направат прогрес. И двете екипи треба да си ги дефинираат играчите врз кои ќе ги градат тимовите, треба да ги одредат клучните водечки фигури во раководствата и треба да одлучат дали ќе градат сопствени стадиони. Им треба уште барем две сезони за да бидат конкурентни.
Најблиските ривали веројатно повторно ќе им бидат Рома и Наполи, но од нив никогаш не се знае што да очекувате. Плус, тие не можат да сметаат на половина од приходите кои ги има Јуве.
3. Конкуренција
Нивото во Серија А опадна, а најдобриот тим, односно Јувентус е многу посилен од другите. Федерацијата и Лигата мора да променат нешто за да се зголеми конкурентноста.
Како на пример да се намали бројот на професионални клубови во Италија каде има 111, во Англија се 92, во Германија 56, а во Шпанија 42. Пазарот е премал за толкав број на клубови и тие се постојано во загуба. Лани должеа 311, а во последните пет години во просек по 363 милиони евра. Серија А треба да се скрати од 20 на 18 клубови, а идеалниот број би бил 16.
Судењето треба да се адаптира на европските стандарди за да се добие поквалитетен и побрз фудбал за гледање. Овие мерки се неопходни, ако Серија А сака да ги пополни празнините.
Во Шпанија три екипи се во трка за титулата Атлетико, Реал и Барселона. Во Англија Манчестер Сити и Ливерпул. Од посилна лига Јувентус ќе бенефитира во Европа и ќе им носи поголем спектакл на навивачите.
4. Најдобри во историјата?
Овој тим на Јувентус освои три Скудета во низа, но не е најдобриот и да освои 100 бодови во првенството. Во 30-те клубот доминираше со пет титули по ред, по водство на Трапатони во 1985 година стана европски шампион.
Потоа со Марчело Липи стигна до три финалиња во низа во Лигата на шампионите од кои освои едно. Овој состав на Јувентус не може да се смета за најдобар без континентален трофеј.
5. Сегашни и идни лидери
Погба, Тевез и Пирло се вистинска класа на играчи. Младиот „Мона Лиза“ прекар кој го доби од својот менаџер Мино Раиола со цел да ја дефинира неговата вредност, игра на многу високо ниво, а има само 21 година. Тој може да биде еден од 15-те најдобри играчи на Мундијалот.
Карлос Тевез е светски играч и заслужува место во составот на Аргентина. Во Италија ги покажа своите квалитети уште во првата сезона со 19 постигнати голови. Селекторот Сабела ова треба да го има предвид кога ќе го крои составот за светското.
Со својата визија и прегледност во играта, италијанскиот Маестро, Андреа Пирло по 15 години кариера изгледа како сега да игра најдобро. Тој веројатно уште неколку години ќе ги воодушевува навивачите на Јуве, а во Бразил ќе го одигра последниот Мундијал.
Овие фудбалери заедно со Буфон, Кјелини, Видал и Конте на тренерската функција треба да бидат основата врз кој ќе се гради идниот тим на Јувентус кој ќе се натпреварува и во Европа и чии играчи ќе бидат засекогаш запаметени.