Ферги политичарот
Уште додека играл за Сент Џонсон во 60-те години, Фергусон бил политички активен и ги бранел интересите на Лабуристите. Тој дури и одел по пабови за да агитира и да собира донации.
Ферги емигрантот
Кога имал 21 година и бил член на Сент Џонсон, Фергусон никако не можел да се избори за место во тимот и сакал да се откаже од фудбалот. Тој сакал да емигрира во Канада и веќе аплицирал за иселеничка виза, но неколку напаѓачи се повредиле, па тренерот му дал шанса против Ренџерс и Фергусон дал три гола по што следното лето тој потпишал за Данфермлајн и станал професионален фудбалер.
Ферги плашливкото
Во 60-те години додека играл за Глазгов Ренџерс, тој имал и свој пат во градот. Едно утро додека преместувал буриња, тој се исплашил од глушец во подрумот и паднал и си го расекол лицето. Во болница му ставиле инекција, но тој се онесвестил уште кога ја видел иглата. „Мислев дека умирам", напиша Сер Алекс во автобиографијата.
Ферги човек за сè
Кога Фергусон ја започнал својата тренерска кариера во второлигашот Сент Мирен, тој отпуштил 17 играчи. Клубот имал финансиски проблеми, па Ферги помагал во клубот дури и за перење на опремата. По три сезони Ферги овој клуб успеа да го одведе до шампионската титула во шкотската прва дивизија.
Ферги Американецот
Освен што е добар тренер, Фергусон е голем љубител на добро вино, експерт во трки со коњи, но и обожавател на американската историја. Тој е фасциниран од граѓанската војна, а особен интерес има за атентатот на Џон Кенеди. Тој поседува две копии од аутопсијата, еден полициски извештај за убиството и уште еден извештај од Вореновата комисија потпишан од Џералд Форд за кој на аукција платил 3.000 долари. Овие пари бргу си ги вратил од освоените трки на неговите коњи.