Хамилтон дојде до својот прв триумф во кариерата на патеката крај Барселона откако доминираше во текот на трката и прв мина низ целата по 1:41:05,155 часа.
Доминацијата на Мерцедес продолжи и во Шпанија, па клупскиот колега на Хамилтон и единствен друг возач кој триумфирал на трка оваа сезона, Нико Розбег денес беше втор. На подиумот се искачи и Даниел Рикардо од Ред Бул, а актуелниот шампион Себастијан Фетел заврши на четвртата позиција.
Следната трка ќе се вози на 25 мај во Монте Карло.