До финалето од Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид кое ќе се одигра во Лисабон има повеќе од десет дена, но цената на влезниците на црниот пазар веќе рушат рекорди.
Оние најевтините влезници чија регуларна цена беше 70 евра, тапкарошите ги продаваат по 1.500 евра, а картите за поубавите места кои чинеа 390 евра сега се продаваат за 8.000 евра што е за повеќе од 2.000% поскапо.
Но некои не можат да си ги дозволат овие цени, па очајните навивачи (поточно навивачки), решија да понудат сексуални услуги во замена за карта.
Една Шпанка која не откри за кој тим навива, на сајт за мали огласи понуди еден час секс во замена за влезница за финалето во Лисабон.