Велат тимот кој победува не се менува. Тоа значи дека ако не победува треба нешто да се менува, но некои тренери претеруваат во менувањето. Таков е случајот и со Манчестер Јунајтед.
Оваа сезона Манчестер Јунајтед одигра вкупно 55 натпревари во сите натпреварувања. 51 под водство на Дејвид Мојс и 4 со Рајан Гигс. На ниту еден од овие натпревари не се повтори ист состав односно Манчестер Јунајтед стартуваше 55 натпревари со уникатен состав.
И ниту еден од нив не се покажа како вистинскиот. Манчестер Јунајтед заврши на 7-та позиција во Премиер лигата и за прв пат по 25 години следната сезона нема да игра во ниту едно европско натпреварување.