Вредноста на овој тим изнесува 109 милиони евра, но најбрзите и најупорните клубови во следниот летен период за трансфери, можат да стигнат до одлично гратис засилување.
На голот би го добиле 32 годишниот Валдес кој реши наредната сезона да направи промена. Според некој тоа беше слабата точка на Барселона, но сепак се работи за солиден голман кој освои се со Каталонците и кој има големо меѓународно искуство.
Најдобар избор за клубовите кои сакаат летово да стигнат до засилување без да потрошат пари имаат во одбраната, а таму има тројца одлични дефанзивци. Најискусен меѓу нив е капитенот на Челси кој се уште е без нов договор за следната сезона и кој и покрај своите 33 години може уште да командува во одбраната.
Тука се уште двајца познати фудбалери од Премиер Лигата, Сања и Лескот. Бекот на Арсенал веројатно нема да го продолжи договорот со „Топџиите“, а за него најзаинтересирани се Интер, Челси и Манчестер Сити. Неизвесна е иднината и за стоперот на Манчестер Сити кој можно е да замине во Турција.
Најголема вредност од овој гратис состав за ова лето има офанзивниот играч од средниот ред на ПСЖ, Менез кој не може да фати место во тимот на Блан. Нападот го сочинуваат Диуф од Хановер и Гомиз од Лион.