Offside

Ако некој ви кажеше дека ќе гледате ваков Комо во Лигата на шампионите пред некое време, дали ќе му поверувавте?

Желбата е на прво место

Иако нема ниту барем малку трева и гол со чудни пропорции налик квадрат, детево од Африка упорно тренира во овие мизерни услови. Му посакуваме успешна голманска кариера во Европа.

Од Мертенс до Меси, моментот на ниските играчи

Со вчерашните два погодоци и една асистенција, Белгиецот Дрис Мертенс му донесе важна победа на Наполи и уште еднаш докажа дека висината во фудбалот не игра никаква улога.

Во Италија уапсени се 50 луѓе за местење натпревари

Калчополи и Калчоскомесе не се единствените афери со местење натпревари во Италија. Утринава на чизмата е спроведена и акцијата "Dirty Soccer" во која се уапсени 50 луѓе. Христијан Илиевски засега не се споменува.

5 црвени картони за 5 минути во Перу

На големото дерби во перуанскиот фудбал меѓу екипите на Алијанса Лима и Реал Гарсилас судијата од 85-та до 90-та минута додели дури пет црвени картони, по што полициски кордон мораше да го вади од теренот на крајот.

CP3 – колапсот на еден несуден шампион

Од мачната епизода со будалата Серлинг и старлетата која му пушти “бомби” на TMZ, протестите на играчите, повторното одживување на расните прашања, па се до смената на сопственоста и сл., играчите на Клиперси, искрено, беа секогаш и во секој миг, на највисоката амплитуида на емоционалните состојби.

Голманска невнимателност или пуштање три бода

Изминатиот викенд Галатасарај со 1-0 го победи Генчлебирлиги, а голот на Весли Снајдер во 66' минута предизвика бурни реакции на Босфорот. Поточно реакцијата на гостинскиот голман Ферхат Каплан, кој му овозможи на Галатасарај да ја задржи предноста над Фенербахче од 3 бода на 2 кола пред крајот.

Со владетелот на топката не можат ниту Нејмар и Азард

На Шон Гарние е привилегија човек да му земе топка. Тој знае финти на кои паѓаат и фудбалери од светска класа.

Полициска идиотска агресивност

Славјето на шампионската титула на Бенфика не беше така убав чин како што се очекуваше, а го расипаа неколку португалски полицајци кои се очекува да одговараат за овој чин.

Кристијановци Роналдовци

Од школата на Ајакс секогаш излегува по некое играчиште, бидејќи веќе одамна е познато дека е една од најдобрите во светот. Децава се радуваат како најдобриот фудбалер на планетата за 2014-та и токму некој од нив може еден ден да стигне до тоа ниво.

Денот кога омилениот играч на Берлускони ја матираше Барса

Со неколку измени во екипата, дон Фабио Капело го размонтира тогашниот Дрим тим на Барселона во Атина и на Милан му ја донесе европската круна. Ништо немаше да биде исто без Дејан Савичевиќ.

Ведрата страна на Ван Гал

Тренерот на Манчестер Јунајтед во последно време беше оцрнуван како строг, груб и напорен тренер. По дуелот со Арсенал во неделата покажа дека знае и да се пошегува кога навивачите му скандираа Louis van Gaal' red army.

Самарџиски, врапчето и Алеш Пипан

Кошаркарите на МЗТ Скопје се спремаат за полуфиналето од плејофот против Фени Индустри (во две добиени), а за тоа време високиот центар ја развил способноста да комуницира со врапчињата кои имале порака до словенечкиот тренер.

Чикаго Булс – за неподносливата леснотија на поразот

Да те победи екипа во која игра ‘будалата’ Џеј Ар, во која игра Шамперт кој не можеше да погоди базен со камен, во која првиот плеј Ирвин игра со една нога к’цканката, а стартерите Кевин Лав и Варежао се дотерани матуранти на клупа...

Давид Луиз по побожните стапки на Кака

Додека неговите соиграчи го демолираа Монпеље со 6:0, Давид Луиз минатата недела се крстеше во Евангелистичка црква, каде уште еднаш дал збор дека ја чува својата невиност додека не се ожени со девојката Сара Мадеира.

Николче Новески емотивно испратен во Мајнц

По 11 години во клубот во кој беше капитен, Николче Новески реши да ја заврши својата кариера. Го испратија во фудбалска пензија онака како што стоперот од битолско Новаци заслужува. Почести од навивачите, соиграчите и стручниот штаб кои го испратија Новески како Стивен Џерард на Енфилд Роуд.

Како Фил Џонс го брани голот

Манчестер Јунајтед и Арсенал ремизираа 1-1 во дербито на колото, а потегот на мечот го имаше одбранбениот фудбалер на Црвените ѓаволи Фил Џонс.

Џејмс Харден го одведе Хјустон во финалето на Западот

Кошаркарите на Хјустон демонстрираа карактер и откако губеа 3-1 во серијата со ЛА Клиперс, победија три средби по ред и со вкупни 4-3 се пласираа во големото финале на конференцијата каде ги чека Голден Стејт.

Евролигашки трофеј за Реал Мадрид после 20 години

Кошаркарите на Кралскиот клуб ја освоија деветтата титула во својата историја, а прва по 1995. година откако вечерва го совладаа Олимпијакос 78:59 во Мадрид.

Ман. Јунајтед - Арсенал од 17:00 и Атлетико М. - Барса од 19:00

Неделната спортска програма е збогатена со фудбалското дерби во Англија, во Шпанија, како и тенискиот класик меѓу Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ во Рим. Вечерва се игра и финалето од Евролига меѓу Реал Мадрид и Олимпијакос.

Најубавите голови на Челси сезонава

Фудбалерите на Челси често иронично ги коментираа тврдењата дека играле досаден фудбал. Дека не играат монотоно под водство на Мурињо, Сините докажаа со неколку одлично изработени акции и ефектни погодоци сезонава. Еве ги најдобрите голови на Челси за 2014/2015.

Историска шанса за Клиперс, Хјустон за целосен пресврт

Откако изборија мајсторка во серијата против ЛА Клиперс, кошаркарите на Хјустон ги вратија сеќавањата на Клач Сити генерацијата на Рокетс кои во 1994 и 1995 го освојуваа шампионскиот пехар во НБА.

Фрозиноне е нов италијански прволигаш

По симпатичниот Карпи, уште една екипа од малото место во регионот Лацио ќе игра во елитното друштво на италијанскиот фудбал.

Хет-трик за три минути на Саидо Мане

Сенегалскиот напаѓач од Саутемптон постигна три голови за 176 секунди и на тој начин го сруши 20 години стариот рекорд на Роби Фаулер. „Светците“ ја демолираа Астон Вила со 6-1, а Саидо Мане беше прецизен од 13-та до 16-та минута.