Двајца навивачи на Бенфика кои се претпоставува дека се татко и син разговараа со полицијата и без да покажат никаков насилен однос, добија ќотек со пендраци пред очите на двете малолетни деца кои беа со нив. Помалото дете не можеа да го смират од плачење.
Инциденти имаше и за време на прославата на Бенфика која по вчерашните 0:0 на гостувањето против Виторија Гимараеш ја осигура титулата со три бодови предност пред Порто на едно коло од крајот на првенството.
Ова е прв пат за Бенфика да освои две титули во низа по 1984 година, но оваа ќе остане запаметена и по полициската бруталност од која може да имаат трауми децата од видеото,