Изминатиот викенд Галатасарај со 1-0 го победи Генчлебирлиги, а голот на Весли Снајдер во 66' минута предизвика бурни реакции на Босфорот. Поточно реакцијата на гостинскиот голман Ферхат Каплан, кој му овозможи на Галатасарај да ја задржи предноста над Фенербахче од 3 бода на 2 кола пред крајот.