Алијанса Лима е редовен учесник на Копа Либертадорес и Копа Судамерикана. Екипата од главниот град на Перу синоќа го пречека Реал Гарсилас кој победи 0-1 во дербито на петтото коло на првенството.
Натпреварот го одбележа 36-годишниот судија Рамон Бланко. Иако се чинеше дека натпреварот ќе заврши без поголеми проблеми, во 85' минута започна вистински хаос и ситуации невообичаени ниту за Јужно-американскиот фудбал.
Црвените картони се редеа како на лента, а како ги вадеше Рамон Бланко, така атмосферата стануваше сè потензична. Прв во судискиот бележник влезе Габриел Коста поради намерно удирање на противнички фудбалер во 85' минута. Тогаш никој не претпоставуваше што може да се случи.
Црвен картон брзо доби и тренерот на Алијанса, Гиљермо Сангуинети кој очигледно беше незадоволен од судењето на Бланко. Сепак ни тоа не ги смири страстите, напротив.
Неколку секунди подоцна на туширање беше испратен и Пабло Мигез поради приговор но и поради тоа што го гаѓаше судијата со топка. На теренот настана голем метеж, а соиграчите на Мигез му се внесоа на судијата во лице. Последните два црвени ги добија Кристијан Куева и Маркос Мијерс кои најбурно реагираа.
Еве што сè се случуваше во Лима:
На крајот домашниот фудбалер Хеан Дежа му покажа црвен на судијата Рамон: