ХЈУСТОН РОКЕТС - ЛА КЛИПЕРС 113:100 (4-3)
Со синоќешната победа, Ракетите за прв пат после 1997. година ќе играат во конференциско финале. Џејмс Харден уфрли 31 поен, а Двајт Хауард имаше 16 поени и 15 скокови во големиот триумф на Хјустон над Клиперс. Тревор Ариза беше одличен со 6 постигнати тројки и вкупно 20 поени на крајот. Џош Смит изброи до 15 поени. Хјустон стана деветтата екипа која се вратила по негатива од 3-1 во серијата.
На тој начин, тренерот на Клиперс, Док Риверс стана првиот тренер во историјата на НБА кој загубил плејоф серија по водство од 3-1 во победи. Од друга страна, 22 пат во историјата на НБА плејофот главните конкуренти за МВП наградата ќе играат еден против друг во едно финале.
Домаќинот водеше во првите три четвртини, гостите од Калифорнија во финишот се спуштија на едноцифрена разлика, но немаа доволно сили за целосен пресврт. Најефикасни кај Клиперс беа Крис Пол со 26 поени и 10 асистенции и Блејк Грифин со 27 поени и 11 скокови. Центарот ДеАндре Џордан постигна по 16 поени и скокови, а Џамал Крафорд додаде 17 поени.
Конференциските финалиња стартуваат во среда. На Западот на мегдан ќе излезат Голден Стејт и Хјустон а на Истокот Атланта и Кливленд.
Харден во одличен ритам:
Сите екипи што се вратиле после 3-1 во плејофот:
Откако изјави дека се неконкурентен и слаб тим, сопственикот на Далас Марк Кјубан призна дека згрешил и се извини: