Италијански Милан осигура рекордна зделка за техничка соработка со Adidas во вредност од астрономски 500 милиони евра за десет години. Договорот кој стапува на сила од сезоната 2028/2029 ќе ги направи росонерите клуб со најскапа опрема во историјата на Серија А.
Според La Gazzetta dello Sport договорот ќе биде со важност од 10 години и ќе им носи на Миланезите неверојатни 50 милиони евра годишно само од спонзорство на опремата.
Германскиот производител на спортска опрема од 2028-ма ќе го замени досегашниот спонзор и партнер на Милан, Puma.
Оваа вест ги израдува навивачите на Милан затоа што германскиот бренд беше со росонерите и на почетокот на '90-те во најславната ера на миланскиот гигнат кога освојуваа европски и светски шампионски титули, а беше спонзор и во златната ера под раководство на Карло Анчелоти на почетокот на 2000-те кога Милан блескаше во европскиот фудбал.
ОГРОМЕН ФИНАНСИСКИ СКОК
Новите финансиски параметри претставуваат огромен скок за Милан. За споредба првиот договор со Puma потпишан пред десет години му носел на Милан по 14 милиони евра по сезона. Пред 2022-ра година спонзорството беше зголемено до 30 милиони евра по сезона но новата зделка со Adidas речиси ја дуплира таа сума која Милан ќе ја слева во својата клупска каса.
Според La Gazzeta dello Sport договорот на Милан ќе биде најдоходовниот договор за спортска опрема во историјата на италијанската Серија А.
Со него росонерите далеку ќе ги надминат своите ривали. Еве како изгледа споредбата со главните конкуренти во Италија:
Милан (Adidas, од 2008-ма): 50 милиони евра по сезона
Јувентус (Adidas): 40,8 милиони евра по сезона (вкупно 408 милиони евра за 10 години)
Интер (Nike): 30 милиони евра по сезона (договор од 2023-та)
Минатата година Јувентус потпиша 10-годишен договор со Adidas за вкупна сума од 408 милиони евра а Интер во 2023-та склучи договор со Nike во 2023-та година кој им принесува 30 милиони евра по сезона.
Така за помалку од две години Милан и Adidas одново ќе ги обединат силите за да постават нов финансиски стандард во италијанскиот фудбал.