Бразилскиот дефанзивец е член на Пентекостализмот, една од верските групи во христијанството која посебно го нагласува значењето на крштевањето. Како и Кака кој во минатото изјави дека ја чува невиноста за бракот, така и Давид Луиз тргна по стапките на својот сонародник.
Луиз е најпознат меѓу фудбалерите кои одат по овој пат, а освен него дека ја чуваа невиноста до бракот изјавуваа уште и Никола Легротаље, Леандро Кастан и новата ѕвезда на Лацио Фелипе Андерсон. Крштевањето на Давид Луиз се одвивало во еден базен а го воделе свештеници од црквата Хилсонг и соиграчот на Луиз од ПСЖ, левиот бек Максвел.
Стоперот на Инстаграм објави фотографии од крштевањето:
Присутни на чинот биле најблиските членови на семејството на Луиз како и неговите пријатели.
„Одличен е во секој поглед. Многу сме горди на него“, изјави мајката на фудбалерот, Регина која очекува Луиз што поскоро да се земе со девојка му Сара Мадеира.
Дека невин го очекува бракот во минатото изјави и Кака кој во 2005. година се ожени со сегашната сопруга Каролина со која денес има две деца.
„Јас сум добар пример. Многу луѓе велат дека после бракот ретко кога спијат со сопругата затоа што немаат веќе желба. Тоа не е вистина, мојата жена е личноста што најмногу ја сакам и не се каам што сме чекале на тој чин".