Offside

Италија чекаше 73 години! Чекаше шампион во Формула 1 и дочека. Конечно после Џузепе Фарина (во 1950-та), Алберто Аскари (1952-ра и 1953-та). Сега четвртата титула им ја донесе најмладиот првак во историјата на Формула 1. Андреа Кими Антонели.

Германски навивачи повторно тепани од грчка полиција

Дуелот ПАОК - Дортмунд во Солун очекувано не можеше да помине без нереди. Германците фрлаа бакљи и скандираа за Арис, најголемиот ривал на ПАОК, по што домашните навивачи на крајот влегоа во терен и тргнаа кон нив.

Со што ги фатија навивачите на Сент Етјен во Рим?

Петмина навивачи на Сент Етјен синоќа беа уапсени пред средбата од ЛЕ против Лацио. Добро и што не влегоа на Олимпико со оглед на тоа што планирале да го внесат.

Сезонска карта за КК Работнички од 500 денари

Најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава, во новата сезона влезе со млади сили и целосно ослободен од притисокот за трофеи.

Шоу на навивачите на Легија за своја душа

Иако често ги прекршуваат правилата на УЕФА, навивачите на Легија Варшава каде игра македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, во пресрет на вечерашниот дуел од ЛЕ против Наполи, направија нова луда бакљада.

Наполи ја освои Варшава, еден час игра за Тричковски

Виљареал, Лацио, Фиорентина и Шалке ги оправдаа фаворитските улоги во второто коло од ЛЕ. Борусија Дортмунд и Ливерпул освоија само по бод, а Партизан го изненади Аугсбург на гости со 1:3.

Пораз на стартот за МЗТ во Љубљана

Со 13 загубени топки и очаен шут за два поени, кошаркарите на МЗТ Скопје не можеа да избегнат пораз на гостувањето кај Олимпија, 91:76. Во недела во Скопје го пречекуваат Металац.

Кои се најблиску до Роналдо по број на голови?

Не е ова времето на Пеле или Ромарио за кои постојат статистики дека стигнале до 1000-ка, но синоќешниот јубилеј на Роналдо во Шведска не е воопшто лош. Од активните играчи во врат му дише само Меси, а другите тешко дека може да го стигнат. 

Во Вердер не пуштаат со сендвичи на гостување

На фудбалер на Вердер Бремен му се отворил апетит најмалку кога требало и поради тоа не добил шанса да игра. 

Избркале тренер преку Фејсбук, тој им се заблагодарил во коментар

Балканската фудбалска реалност секој ден носи нови анегдоти. Од Босна и Херцеговина денес стигна веста за тренерот кој дознал дека е отпуштен преку Фејсбук.

На Барса ѝ го украдоа логото

Каталонците му се заканија со тужба на романскиот второлигаш кој веднаш ја призна грешката.

Играчи кои најмногу му асистирале на Роналдо

Со двата гола против Малме синоќа, Кристијано Роналдо стигна до бројката од 501 гол во кариерата, достигнување благодарение и на неговите соиграчи во Спортинг Лисабон, Ман. Јунајтед, Реал Мадрид и португалската репрезентација.

Фаулот кој го испрати во ќелија

Ако досега често ја слушавме фразата „фаулов е за во затвор“, сега може да заклучиме дека за тежок фаул навистина може да се заглави на робија. Во Англија.

Трилерот во Манила меѓу Џо Фрејзер и Мухамед Али

Точно 40 години поминаа од најбруталната боксерска борба во историјата. Во Манила на 40 степени, вечните ривали Џо Фрејзер и Мухамед Али боксувале 14 рунди.

Фудбалче со луѓе наместо со рачки

Тоа што ние го играме во редакција на пауза со раце, има луѓе што го играат со нозе, ама вистински. Поделени се 6 на 6, само им фали петката, а разликата е во тоа што може и да ти ја земат.

Македонија е меѓу најслабите 8 фудбалски земји во Европа

На ранг листата на ФИФА пред нашата репрезентација се наоѓаат: Кенија, Палестина, Северна Кореја, Кувајт, Мадагаскар, Централо Африканска република, Намибија, Бахреин, Сирија, Свети Винцент и Гренадини, Сиера Леоне...

Сплитски Хајдук како симбол на отпорот

Го одбиле Мусолини да играат во италијанската лига, не го прифатиле предлогот на Тито да се преселат во Белград и бидат клуб на војската а заслугите за отпорот кон фашизмот им донел голема почест од легендарниот Шарл Де Гол.

Кога не сака, не сака

Фудбалерите на Шахтјор Донетцк загубија 0:3 од ПСЖ, а во еден напад за 20 секунди имаа 6 шанси и не дадоа гол.

Стока во гостинскиот сектор на Калдерон

„Навивачите“ на Бенфика на Висенте Калдерон во Мадрид фрлаа бакљи врз домашната публика и повредиле 2-годишно дете. Едно е сигурно, УЕФА нема да им прогледа низ прсти и Бенфика ја очекува драстична казна.

Документарец за Лорд Бендтнер

По трејлерот за документарниот филм за Кристијано Роналдо, наскоро нè очекува и документарец во кој Лорд Никлас Бендтнер раскажува за својата фудбалска кариера.

Молк на Калдерон, Јувентус ја преслуша Севиља

Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.

Историјата на Реал Мадрид во Шведска почнала со риболов

Ако барате статистика за вечерашниот меч меѓу Малме и Реал Мадрид во ЛШ или ако чекате податоци за претходни дуели од коментаторите за време на ТВ преносот, нема ништо да најдеше, а ниту ќе чуете. Кралевите во Шведска до сега оделе само на турнеи.

Хатем Бен Арфа и пречекот во Ница

По неколку години лутање, некогашниот најголем талент во Европа, Французинот Хатем Бен Афра се препороди во дресот на Ница. Екипата има три победи по ред, а Бен Арфа постигна пет гола по ред со две асистенции. Минатиот викенд, Ница го прегази Сент Етјен 1-4 на гости, по што навивачите ги пречекаа во транс кога се вратија во Ница и бараа прв да излезе нивниот миленик.

Ставете очила за сонце, игра Мега

Со дуелот Унион Олимпија - МЗТ Скопје утре од 17:00 часот почнува новата сезона во Јадранската лига во која необични дресови ќе носи тимот на Мега Лекс за која игра Предраг Самарџиски.