Оцелул Галати кој игра во втората романска веќе две години користи ново лого кое личи на логото на Барселона. Романскиот клуб кој лани играше во прва лига и кој пред 5 години беше шампион на Романија, сега на грб ги има и адвокатите на Барселна кој побара веднаш да биде променето.
„Барселона е во право. Логото на нашиот клуб е идентично со тоа на Барселона. Тоа е наша греша, copy-paste и затоа ќе направиме промена. Ние и онака сакаме да го смениме, бидејќи од новото лого не беа задоволни и навивачите. Ќе го вратиме старото со кое игравме во Лига на шампиони и ги освоивме првенството и Супер Купот. Некој од Барселона ни го видел бидејќи ни пратија забелешка“, изјави директорот на клубот Кристијан Мунтеану.
Откако Галати во сезоната 2010/2011 за прв го освои романскиот шампионат, следната сезона дебитираше во Лига на шампиони. Во групната фаза за противници ги добија Манчестер Јунајтед, Бенфика и Базел, но ги загубија сите шест средби.