Кои се најблиску до Роналдо по број на голови?

Не е ова времето на Пеле или Ромарио за кои постојат статистики дека стигнале до 1000-ка, но синоќешниот јубилеј на Роналдо во Шведска не е воопшто лош. Од активните играчи во врат му дише само Меси, а другите тешко дека може да го стигнат. 

10. Луис Суарез (294 голови на 498 меча)

Уругвајскиот репрезентативец до сега запиша 31 гол за Барса, потоа 82 за Ливерпул, 111 за Ајакс, 15 за Гронинген, 12 за Национал и 43 за репрезентација.

9. Вејн Руни  (302 гола на 672 меча)

Откако постигна 17 голови како тинејџер на Евертон, потоа даде 235 за Манчестер Јунајтед и рекордни 50 за Англија.

8. Франческо Тоти (309 гола на 673 меча)

Тоти стигна до јубилејна бројка од 300 погодоци за Рома и уште 9 за Италијанската репрезентација.

7. Дидие Дрогба (335 гола на 732 меча)

Дрогба постигна 71 гол во француското првенство за екипите на Ле Ман, Генгамп и Марсеј, потоа 20 за Галатасарај и 8 за Шангај. Откако замина во Канада во МЛС лигата постигна 7 голови за Монтереал, а за Брегот на Слоновата Коска даде 65. Најголемата голеада и неговите најславни денови беа во дресот на Челси за кој има дадено 164 погодоци.

6. Давид Виља (362 гола на 732 меча)

Виља за Барселона, Валенсија и Атлетико Мадрид има дадено вкупно 286 гола, потоа 2 за Мелбурн и 15 за Њујорк Сити. За репрезентацијата на Шпанија има дадено 59 голови.

5. Роби Кин (369 гола на 836 меча)

Кин дебитираше за Вулверхемптон со два гола против Норич во 1997-ма и потоа нареди уште 367 погодоци за Ковентри, Интер, Лидс, Тотенхем, Ливерпул, Вест Хем, Астон Вила, Селтик и Лос Анџелес Галакси. Тој е рекорден во Република Ирска со 67 голови.

4. Самуел Ето (378 гола на 782 меча)

Уште еден фудбалер кој многу патува е Ето кој во најдобрите денови редеше голови за Мајорка, Барселона и Интер, а потоа продолжи во Челси, Анжи, Евертон и Сампдорија. За Камерун има дадено 56.

3. Златан Ибрахимовиќ (401 гол на 740 меча)

Почна во Малмо, а продолжи да ги полни мрежите за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ. За Шведска до сега има даде 57 гола.

2. Лионел Меси (478 гола на 629 меча)

Со 429 погодоци Меси е најдобар стрелец на сите времиња во Барселона, а се ближи да стане најдобар стрелец и за Аргентина каде за сега е на бројка од 49.

1. Кристијано Роналдо (501 гол на 753 меча)

Роналдо синоќа стигна до 501 гол во кариерата од кои 323 ги постигна за Реал на 308 средби, потоа има 118 за Манчестер, 5 за Спортинг и 55 за Португалија.

1 октомври 2015 - 17:28