40 години потоа

Трилерот во Манила меѓу Џо Фрејзер и Мухамед Али

Точно 40 години поминаа од најбруталната боксерска борба во историјата. Во Манила на 40 степени, вечните ривали Џо Фрејзер и Мухамед Али боксувале 14 рунди.

Боб Арум, кој бил промотерр на светскиот шампион во тешка категорија и кој организирал многу светски познати борби, изјавил дека Трилерот во Манила е најтешката боксерска битка на сите времиња.
 
Али и Фрејзер на 1. октомври 1975 година се впуштиле во борбата на двајца боксери чии стилови изгледале совршени еден за друг. Размената на илјада удари ги заморила дури и сеирџиите во публиката и стручњаците покрај рингот. Жестината на ударите била силна како и температурата од 40 степени во Манила, поради што во 14-та рунда тренерот на Џо Фрејзер, Еди Фач решава да го фрли пешкирот и да ја предаде борбата.
 
Али по мечот изјавил дека во тој момент бил најблиу до смртта. Хју Меклавенеј, најпознатиот шкотски новинар на времето, ја окарактеризирал борбата меѓу Мухамед Али и Џо Фрејзер како „40-минутно непрекинато насилство и размена на измачувања“. 

Том Хаузер, авторот на ремек-делото Мухамед Али: Неговиот живот и времето ја анализира битката:
„Оваа борба има легитимно право да биде прогласена како најголема на сите времиња, можеби не во смисла на друштвено значење, колку во смисла на голема акција меѓу два историски боксери“.
Ед Шујлер, боксерски кореспонденд за Асошијетед прес додаде дека „боксот како спорт никогаш не видел двајца дечки кои примиле и задале толку удари како тие двајца тогаш“. 

40 години подоцна Трилерот во Манила и натаму е атрактивен и се репризира по телевизските документарки. Борбата во Манила дошла 4 ипол години по нивниот прв дуел означен како Борбата на Векот во Медисон Сквер Гарден, каде Фрејзер прописно го избоксувал Мухамед Али. Сепак Али подоцна ќе направи пресврт со две победи.
 
Дон Кинг и Боб Арум, најголемите промотери во историјата ги здружиле силите за мега настанот во Манила, каде Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос сакал да ја промовира својата кауза за време на граѓанската војна во Минданао каде имало воена хунта. 

Мухамед Али бил можеби најпопуларен спортист насекаде во светот, но не и во Филипини. Џери Ајзенберг, репортер на Њу Џерси Стар-Леџер во 1951 година изјавил за Телеграф Спорт: Филипинците и покрај револуцијата на југот од земјата и натаму беа најголемата христијанска земја во Азија. Тие не сакаа да победи Али.
„Манила беше единственото место каде Али беше исвиркан на промоцијата пред борбата. Али го прекри лицето со ракавиците и се правеше дека плаче. Тоа беше шок за мене, затоа што каде и да се појавеше сите полудуваа за него“, изјавил Ајзенберг.
Мухамед Али ги разбеснил Филипинците и поради тоа што ја оставил жена му, Филипинката Белинда и ја донел новата девојка Вероника Порше во Манила.
 
Борбата била исцрпувачка затоа што организаторите сакале да го задржат ударниот термин во САД, а временската разлика со Филипини наложувала мечот да почне во 11 часот по пеколна горештина од 40 степени.

 
Трилерот во Манила:
 
1 октомври 2015 - 13:52