Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

29 фудбалери на Фергусон кои станаа тренери

Тајмс излезе со интересна листа откако Гери Невил го назначија за тренер на Валенсија. Тој е 29-от играч од Манчестер под водство на Фергусон кој потоа стана тренер. Лорен Блан е во ПСЖ, Гигс е помошник во Манчестер, Пол Инс во Блекпул, Рој Кин во Ипсвич, Солскер во Кардиф...

Ѕампарини брка играчи сред сезона, Трајковски останува

По елиминацијата од третолигаш, претседателот на Палермо се изнервира и донесе решение дека Мареска, Ригони и Дапрела нема да може повеќе да играат за тимот, туку само ќе може да тренираат.

Провокацијата на Центарци низ Аеродром

Пред почетокот на последното градско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, група навивачи на центарскиот клуб одлучија да направат мини екскурзија низ делот од градот каде „не се јаде ниту домат затоа што е црвена боја“. За среќа, немаше близок контакт меѓу двете страни кои подоцна на мечот вербално се препукуваа.

Како да не го сака Гвардиола

На лично инсистирање на Пеп, Тиаго Алкантара во 2013 дојде од Барселона во Минхен за 25 милиони евра. Иако е роден во Италија и има бразилско потекло, тој одлучи да игра за Шпанија. Неговиот брат Рафиња игра за Барса и за Бразил.

Вардар без пола екипа ќе брка второ место

Прекин на серијата од три порази, борба за подобар пласман во групата и задржување на формата пред паузата. Голем влог за дуелот против Колдинг на кој Раул Гонзалес ќе мора да игра без неколку стандардни првотимци кои се повредени.

Бјорндален најдобар и на 41 година

Најдобриот биатлонец на сите времиња, Норвежанецот Оле Ајнар Бјорндален триумфираше на 20 километарската патека на отворањето на Светскиот куп во шведскиот град Остерсундс и покажа дека со редовен тренинг сè е можно и остварливо.

Најслабата година за македонската фудбалска репрезентација

Според денешното последно рангирање на ФИФА за оваа година, нашите дрва завршуваат како 136-та фудбалска земја во светот за 2015 година. 

Стречерси број 2

Втор дел од првото македонско веб шоу со анализи за НБА. Темата овој пат е: пензијата на Коби; Голден Стејт Вориорс и како стигнаат до рекорден старт од 20 - 0; спорадично за користење подлактица; за последниот НБА драфт; разочарувањата од Западната конференција. Ако ти е до НБА, ќе се изненадиш каков квалитетен муабет ќе направат.

Нова средба на Вујо и Комити

Последната нивна средба беше емотивна кога лани Kомитите се збогуваа со Кале, храмот на ракометот, а на Веселин Вујовиќ му приредија спектакл кој потоа се обиде да го опише на пресот. На 10 декември, Вардар повторно го пречекува Загреб во СЕХА лигата, а овој пат се очекува нов голем пречек во Јане Сандански за нивниот миленик.

ЈСП ги искористи грешките во одбраната на Алкалоид

Деветтото коло во Бизнис лигата на Македонија со победи го заокружја ЈСП, Адмирал и Лукоил.

Клопизам е реакција

Откако ја препороди екипата која даде 12 голови на 4 натпревари и победи 7 од последните 8 средби, Јирген Клоп доби уште поголема поддршка по социјалните мрежи и тоа не само од навивачите на Ливерпул.

15 години ќелија за Писториус?

Апелациониот суд во Блумфонтеин ја уважил жалбата на јавниот обвинител кој побара преиначување на претходната пресуда и сега Јужно-африканскиот атлетичар би можел да биде осуден на 15 години затвор.

Двајца функционери на ФИФА со лисици на раце

Новиот бран на апсења се случи во хотелот "Бор о Лак" во Цирих, истиот каде полицијата во мај годинава ја изврши големата акција.

Реал Мадрид поради глупост ќе биде исфрлен од Кралскиот Куп

Поради административен привид на вчерашниот меч против Кадиз во Купот, Кралевите најверојатно ќе бидат исфрлени од ова натпреварување затоа што играше Русинот Черишев кој немал право на настап.

Статуетките на Хасан Салихамиџиќ

Поранешниот босански репрезентативец е еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Баерн Минхен, а страстa му е толку голема кон неговиот поранешен клуб, што почна да изработува статуетки од фудбалерите.

Прв гол за Алекс Трајковски во Италија

Стандардниот репрезентативец Александар Трајковски игра редовно за Палермо, а денес го постигна и првиот гол за калчолигашот во кој дојде летово од белгискиот Ѕулте Варегем. Палермо загуби дома 2:3 во купот од Алесандрија, а Македонецот го постигна првиот гол. Вториот беше дело на ветеранот Алберто Џилардино.

16 милиони долари за 22 промашени слободни

Ако Портланд Трејл Блејзерс може да биде задоволен од нешто во поразот од Клиперс, тоа е што докторираа на темата како да го застанеш ДеАндре Џордан. Човекот што годишно заработува 16,69 милиони долари промаши 22 слободни од 34 обиди на еден меч.

Која е Холи Холм?

Ќерката на свештеникот која што ја тргна од престолот неприкосновената Ронда Роузи во разговор за сајтот GQ раскажува колку ѝ се сменил животот по триумфот во Австралија.

20 легендарни бркови

Ова не е за моември кој заврши пред два дена, туку поради уникатноста на оваа мода кај фудбалерите пред 20, 30 години на која секогаш е интересно да се навраќаме.

Napoli mia Napoli

Во време кога градот под Везув после цели 26 години повторно мириса Скудето, навивачите го сонуваат тимот кој им ја оствари животната желба на многу генерации.

Кога стативите ја менуваат историјата

Двете стативи на Интер на гостувањето во Неапол доколку влезеа ќе беше победа за Интер и останување на прво место. Тоа се моменти кои целосно ги менуваат победниците на Светски, Европски првенства и останати важи натпреварувања. Еве шест примери.

Респект за оваа бројка на гостување

Од Кротоне до Милано има 1.200 километри и околу 12 часа пат со кола, но тоа не е никаква пречка за навивачите на второлигашот да се организираат во бројка од 5.000 и да направат спектакл на Сан Сиро. Синоќешниот меч беше во рамките на 4. коло од Купот на Италија во кое Милан успеа по продолженија да слави со 3:1 и да се пласира во осминафиналето. Па ние волку навивачи ни на дерби не можеме да збереме.

Во 10 квадратни метри живеевме осум души

„Со тебе би ја добил секоја битка“ е реченицата која најдобро сведочи за односот на Мурињо и Дрогба, еден од најдобрите светски напаѓачи и интригантна личност кој на 5 години ја напушта татковината и тргнува низ фудбалското патешествие.