Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Што јадат македонските навивачи на полувреме?

Кај нас на стадион се грицкаат семки и сончоглед, исто како во Црна Гора, Србија, Бугарија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Гибралтар, Израел, Молдавија, Романија, Русија, Украина, Шпанија.

Гол со фелш, ама ептен фелш

И да го направеше ова некој мајстор од Барса или Баерн ќе го издвоевме, а не па детево кое игра во близина на некоја шума.

Рошкоски во последната секунда му донесе победа на МЕПСО

Во вториот ден од 9. коло во Бизнис лигата на Македонија Елем славеше убедливо над Гранит, а Халкбанк и Трансмет одиграа без поебдник.

Не сте фудбалери, вие сте зајци

Дваесетина навивачи на Рома протестираа пред спортскиот центар Тригориа каде донесоа гајби со моркови и им посакаа на играчите добар апетит.

Пресвртот на Меси и другарите на 12 години

Њуелс Олд Бојс е клубот од Аргентина кој од 1994-та до 2000-та го имаа Меси во својата академија. Во чест на неговата најнова награда за најдобaр играч во Ла Лига за годинава, го објавуваме ова уникатно видео кое сигурно е снимено на VHS лента.

Барса ќе крева пехар тежок 5 кила?

Во Јапонија од 10. декември ќе стартува Светското клупско првенство на ФИФА, турнир на кој шест освојувачи на своите Конфедерации плус домаќинот ќе се борат за 5-килограми тешкиот трофеј и 5 милиони долари.

ЕВН со струен удар против Македонски Телеком

Деветтото коло во Бизнис лигата на Македонија со победи го почнаа Систина, ЕВН и Еуролинк.

На Левандовски му викале дека е мал и слаб за фудбал

За слабиот физикус на Пољакот зборува неговиот прв тренер, но Левандовски се заинатил и тренирал по 6 часа на ден. Денеска тој е сопственик на четири рекорди во Бундеслигата за кои доби четири признанија од Гинис.

Предвидувањата на првиот тренер на Тајсон Фјури

Британецот Стив Еган е поранешен боксер и прв аматерски тренер на Фјури. Во документарец од 2006 година, каде сегашниот светски шампион во бокс има 18 години тој ги дава следните предвидувања.

Вселенски брод од Стемфорд Бриџ

Челси потврди дека планира да го зголеми капацитетот на својот стадион на 60.000 места со тоа што Стемфорд Бриџ ќе добие сосема нов изглед а за време на изградбата која треба да почне во 2017 ќе игра на Вембли.

Деценија од голот на Жигиќ против Рома

На денешен ден пред 10 години, на мечот на кој Антонио Касано се обиде од пенал да направи Паненка а голманот му ја фати жива, високиот Никола Жигиќ постигна два гола од кои вториот ретко се гледа и уште се прераскажува.

Немој да нудиш брак за време на натпревар

Мажите неретко се одлучуваат да клекнат на колена на сред паркет или на фудбалски терен и да ѝ понудат брак на девојката. Не сите обиди се успешни, затоа што има девојки што гласно рекоа НЕ.

Васе Крстев е најдобар Типстер за ноември

Дечкото на 26 ноември типувал 20 меча од Лига Европа и промашил само две. Само тој ден остварил профит од 189 кредити.

Најатрактивните поени во тенисот за 2015-та

Годинава му припаѓа на Ѓоковиќ кој целосно доминираше со 11 освоени титули и заработени 21,6 милиони долари, а мајстории покрај Ноле правеа и Федерер, Надал, Ферер, Монфис...АТП го спакува најквалитетното за гледање.

Кои сè рекорди може да ги сруши Варди од Лестер?

Откако го улови рекордот на Ван Нистелрој со 11 голови на 11 меча по ред во Премиер лигата, напаѓачот на Лестер сега е во потера по остварувањата на Мортенсен, Ширер и Ван Перси.

Само еден човек направи повеќе пари од Коби во НБА

Легендата на Лејкерски која води во НБА по заработка од 2010-та, ќе се пензионира на крајот од оваа сезона со над 328 милиони долари добиени само од плати. Тоа го прави втор најплатен кошаркар во историјата.

Зошто Валенсија нема право на грешка?

Екипата која од последната борба за титула во Шпанија до денес смени 12 тренери за 12 години не би смеела да погреши со изборот на нов стратег, затоа што во тимот се вложени цели 200 милиони евра за 24 месеци.

Сите 81 поени на Брајант против Торонто

Третиот најдобар стрелец во историјата на најсилната кошаркаска лига во светот денеска и официјално ја најави својата пензија, а за неговиот шут најдобро знаат кошаркарите на Торонто. Видеово е растур систем во 3 минути.

Ибрахимовиќ, Меси и фудбалерите кои не ја пеат химната

Додека некој ја вика од сè срце, има играчи кои не отвораат уста при интонирање на државната химна. Некој има таков табиет, некои од политички, а некои од верски мотиви не ја пеат химната.

Напаѓачот кој е подобар оваа сезона од триото на Барселона

Меси, Нејмар и Суарез се хит оваа сезона, но има еден не баш славен напаѓач со подобри индивидуални бројки оваа сезона во Европа. Викендов постигна хет-трик, а неговиот тренер изјави: Да се надеваме дека Барселона нема да ни го купи.

Осврт на осмото коло од Бизнис Лигата

Петре Даиловски ЕВН се истакна 5 погодоци во 8. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипата на колото е прогласена ЈСП.

Првиот меѓународен фудбалски натпревар

4.000 луѓе платиле по еден шилинг и не виделе ниту еден гол на мечот кој е запишан како прв меѓународен фудбалски натпревар од страна на ФИФА.

За кого навива Коби Брајант во фудбал?

По тешката повреда на тетивата пред две години, ѕвездата на Лејкерси беше во Милано на гости во својот омилен фудбалски клуб. Во тренинг центарот на Милан му продолжи рехабилитацијата, а покажа дека во добра форма го одржува и италијанскиот јазик.