Осврт на осмото коло од Бизнис Лигата

Петре Даиловски ЕВН се истакна 5 погодоци во 8. коло од Бизнис лигата на Македонија, а за екипата на колото е прогласена ЈСП.

Во рамките на осмото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни осум натпревари во кои се демонстрираше доста атрактивен фудбал кој изобилуваше со уште поатрактивни потези. Во ваквата игра, која донесе и победи со убедива гол разлика, се истакнаа следниве поединци, кои секако допринесоа за победа на своите компании:

Стрелци на колото:

1. Петре Даиловски (ЕВН) – 5 гола

2. Игор Мирчевски (АрцелорМиттал) – 4 гола

3. Оливер Христовски (Алкалоид) – 4 гола

4. Влатко Петровски (ЕЛЕМ) – 4 гола

5. Синиша Ковачевиќ (ЕЛЕМ) – 3 гола

Голман на колото – Марјан Цветковски (Лукоил)

Тренер на колото – Никола Алексов (Алкалоид)

Екипа на колото – ЈСП

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

1. Влатко Манев (Македонски Телеком)

2. Спасе Новковски (Адмирал)

30 ноември 2015 - 17:10