Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

И Србите не се далеку од нас во фудбал

Или уште попрецизно и тие се гревови како нас. На седум меча викендов во прволигашкиот српски фудбал, од кои еден се играл зад затворени врати, имало 7.552 гледачи. Ваков податок за натпреварите од македонско првенство нема на сајтот на ФФМ, а баш сакавме да се преброиме, макар и со се редари.

Во Бастија (не) се почитува Марсејеза

Иако навивачите на францускиот прволигаш на дербито против Ажаксио минатата недела останале надвор од стадионот при интонирање на државната химна, затоа што како што велат таа химна не им припаѓа нив, остатокот од стадионот со аплауз ја испрати интонацијата.

Гест на сезоната во Бундеслига

Навивачите на Шалке го начекаа Турчинот Хакан Чалханоглу на корнер знаменце и го гаѓаа со што стигнат, а фудбалерот на Баер Леверкузен меѓу предмедите најде и парче леб и им покажа дека не служи за фрлање.

Талески во друштво со Вујин и Вори

Со еден од трите погодоци против Скјерн, големата надеж на Металург влезе во топ 5 листата на најубави голови на колото според ЕХФ.

Од рекордер до лидер по најмногу промашени обиди во НБА лигата

Коби Брајант и официјално го најави своето пензионирање од кошарката по крајот на оваа сезона, а за овој спорт придонесе со 1.292 меча, 47.144 минути и 32.670 поени. 37 годишниот Брајант е првиот бек со 20 НБА сезони и прв кој играл 20 години во една екипа.

Борбата која промени сè

Поразот на неприкосновениот Владимир Кличко значи и почеток на нова епоха во боксот кој до саботата имаше само еден владетел. Работите ги смени британскиот ром Тајсон Фјури.

Чеченскиот фудбал и микрофонот на Кадиров

Доколку гледате домашна средба на Терек Грозни во руското првенство, веројатно ќе го намалите тонот на телевизорот затоа што претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров непрестано урла во микрофонот од ложата на стадионот.

Дебито на малиот Стивен Џерард

Еден од поважните моменти во историјата на модерниот фудбал се случи на денешен ден пред 17 години. Збунетиот Стиви дебитираше за Ливерпул, а понатаму се друго е историја.

Хит на денот со Тајсон Фјури

Британскиот боксер Тајсон Фјури не можеше да ги задржи емоциите после сензационалниот триумф над Владимир Кличко и го запеа познатиот хит од Аеросмит „I don't wanna miss a thing“ кој го посвети на своите ирски, американски, британски и ново-германски фанови.

Крај на владеењто на Кличко

Тајсон Фјури му ја одзеде круната на светскиот шампион во тешка категорија и до синоќа неприкосновениот боксерски владетел, Владимир Кличко.

Тикетот на Мирјана

Првите два тикети кои ни ги прати Мирјана минатото коло не и тргнаа. За денеска има нови предлози за типување.

Навивачите најдобро ги ловат волеј головите на Суарез

Денешната жртва на триото на Барселона е Реал Сосиедад кој прими четири комада на Камп Ноу. Навивачите на Барса често снимаат во шеснаесетник кога Суарез станува стрелец.

Картер од кош на кош против Атланта

Ветеранот Винс Картер фати една топка под својот обрач на мечот против Атланта и го погоди противничкиот кош преку цел терен. На крајот сепак славеше поранешнот тим на Перо Антиќ.

Кјелце се одмазди за високиот пораз во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите откако во Полска одиграа натпревар далеку под своето ниво. Поразот од три гола разлика е достоен со оглед на лошата игра на тимот на Гонзалес.

Нејмар не ми се налути кога му ја протнав низ нозе

Беше дел од непобедливата генерација на Оксер со Филип Мексес, Бумсонг и Џибрил Сисе, но честите повреди го натераа Сиан Гарние да се повлече од професионалниот фудбал и да започне фристајл авантури од кои заработува и по 1.000 долари дневно.

Бугарската петарда на Олд Трафорд

Левандовски не е прв со петка на еден натпревар. На денешен ден пред пет години до пет броеше и Димитар Бербатов против Блекбурн кога Јунајтед славеше со 7:1.

Овој Јунајтед е милион километри зад Барселона и Баерн

Поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед жестоко ги критикуваат играчите и нивната игра за која велат дека е досадна. Овен смета дека “стариот“ Јунајтед би ја дувнал оваа група за четири кола, а Рој Кин за Руни рече дека изгледа ужасно.

ФФМ ќе го анализира судењето на Ставрев

По нападите на ФК Вардар за судењето на Александар Ставрев на мечот против Шкендија, со соопштение се огласи и Фудбалската федерација на Македонија.

Окафор враќа на улични провокации

Најдобриот кошаркар на Филаделфија ’76, Џалил Окафор (18,4 поени по натпревар) уште еднаш покажа дека не трпи многу да му трубат за очајните игри на Сиксерси во НБА лигата.

На најголем душман не би му го сторил тоа

По неколку неделен молк за скандалот со видео снимката со чие објавуање Бензема го уценуваше, конечно се огласи и главниот актер, фудбалерот на Лион, Метју Валбуена.

Спорните моменти на мечот Шкендија - Вардар

Фудбалерите на Шкендија го добија првиот четвртфинален меч од Купот на Македонија со 3:0, а во првите 45 минути Црвеноцрните добија два црвени картони. ФК Вардар денеска удри жестоко против меѓународниот судија Александар Ставрев и објави видео со сите негови судиски одлуки кои смета дека се погрешни. 

7.000 голови во Лигата на шампионите

Ако не сте испуштиле хајлатс нa ова натпреварување од 92-ра до денес, тоа значи дека сте виделе 7.000 голови, јубилејна бројка која почна со фудбалер на Марсеј, а ја заокружи ова коло играч на ПСЖ. Роналдо и Меси се бркаат за најважниот рекорд.