Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Нов светски рекорд, 335 кг на бенч

Со кренати 335 килограми товар, Русинот Кирил Саричев постави нов рекорд на бенч.

10 најдобри воспитаници на Атлетико Мадрид

Во 1992. година, Атлетико изгласа тешка одлука за затворање на фудбалската академија за која сметаа дека е фрлање пари. Отворена е неколку години подоцна и од тогаш е една од најдобрите академии во Европа која непрестано произведува таленти.

Фудбалерите на Партизан со шампањ се враќаа дома

Андрија Живковиќ со гол во 89. минута му донесе целосен пресврт на својот тим против Аз Алкмар и сега со 9 бода Србите се на второ место и многу блиску до пласман во нокаут фазата од ЛЕ. Тоа беше повод за весел лет на Валериј Божинов и другарите, на релација Амстердам - Белград. Шампањот го отвори директорот на клубот.

Голманот на Ливерпул чекаше кафе

Белгискиот голман Симон Мињоле ја држеше топката во раце цели 22 секунди во својот шеснаесетник, по што судијата досуди индиректен удар од кој Бордо даде гол за водство.

Тричковски одличен во триумфот на Легија

Македонскиот репрезентативец одигра 84 минути за Легија Варшава во победата над данскиот Митјиланд. Полјаците имаат 6 бода и во последното коло во Неапол ќе бараат европска пролет.

Дортмунд се загуби во руската зима, Лацио убедлив

Фудбалерите на Кубан кои се мачеа со нашиот Работнички, денес го совладаа Дортмунд и како првопласирани во групата одат понатаму. Билбао славеше со пресврт против Аугзбург, Монако поразен од Андерлехт.

Најнов трик на 18 годишен Мароканец

Нури игра за Ајакс, а на дуелот од Лигата на шампионите за младинци против Спартак Москва, направи финта за која го викнаа да ја објаснува после натпревар.

Битката за Афлитос, најлудиот меч во бразилскиот фудбал

Неверојатниот натпревар меѓу Наутико и Гремио кои на овој ден пред 10 години се бореа за влез во првата лига сè уште се раскажува преку документарци, филмови и книги.

Убиствените триа во историјата на фудбалот

Како и да ја поставиш одбраната против Барселона во овој период никако не оди. Меси, Суарез и Нејмар прават растур систем во напад, без разлика дали играат против Гранада или Реал. Оваа листа ги содржи само незапирливите легенди.

Попов се посрамоти на Чаир

Вардар губи 2:0 на полувреме против Шкендија во четвртфиналето од Купот на Македонија и има двајца играчи помалку. Горан Попов прво додели лакт, а потоа со топка го удри интернационалниот судија Александар Ставрев.

Сфатив дека ќерка ми е добро кога Лацио даде гол

Кјара имала 19 години кога била брутално претепана од дечко ѝ. Лежела во кома цели 10 месеци, а потоа се вратила во свесна состојба. Татко ѝ раскажува за првиот знак дека е добро кога се насмеала на голот на Лацио против Торино.

Червар: Никој не нè надигра овие седум меча

Со две победи и шест порази, Металург нема повеќе шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, но тимот од Автокоманда сака да го одигра последниот меч пред своја публика, онака како што ја почна сезоната.

Ставот на Ибрахимовиќ на 19 години за англискиот фудбал

Како млад го бараа на проба во Арсенал, но тој одби. Од најсилните лиги за сега ги одбра италијанското, шпанското и француското првенство, но секогаш ја заобиколува Премиер лигата за која изгледа дека не е заинтересиран уште од 19 години.

Сите гревови на Игор Акинфеев

Рускиот репрезентативен голман и капитен на ЦСКА Москва, последен пат ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите на гостувањето на Емирати против Арсенал на 1. ноември 2006. година. Оттогаш досега прими гол на 36 натпревари по ред во елитното натпреварување.

Пет мајстории на Челси на бразилски начин

Сините од Лондон направија компилација со Бразилците Оскар, Филипе Луис, Давид Луиз, Алекс и Вилијан кои имаат многу што да покажат од слободен удар.

Договорот кој го натера Шекил да не игра фудбал

Џон Конкак беше резерва на Атланта Хокс десет сезони, а неговиот договор во време кога немало интернет, Шекил О`Онил воопшто не го сфатил и решил фудбалот да го заменил со кошарка.

Колачот на тенисерите за 2015-та

АТП турнирите оваа година имаа вкупен буџет од 151,4 милиони долари кои завршија на сметките на 3.500 тенисери. Ѓоковиќ освои 11 турнири и заработи 14% од таа сума, повеќе од Федерер, Мареј и Надал заедно.

Од турски на турски јазик за Муслера

По синоќешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Галатасарај (2:0), уругвајскиот голман Фернандо Муслера доби превод од турски на турски јазик.

ЕВН со целосен пресврт до победа над Шпаркасе банка

Во последниот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија ЕВН и Лукоил славеа убедливо, а средбата меѓу Халкбанк и Гранит беше одложена.

Јаја Коло Туре на Олд Трафорд

Навивачите на ПСВ Ајндховен презадоволни со бод заминаа од Манчестер вечерва. Додека чекаа да се испразни Олд Трафорд ја запеаа песната за Коло и Јаја Туре со сè кореографија.

Ибра и ПСЖ фрлија петарда во Малме, Реал ќе прокоцкаше 4 гола

Дербито на вечерта го доби Јувентус против Манчестер Сити, Реал поведе убедливо против Шахтјар но на крајот едвај ја сочува победата. Севиља декласирана во Менхенгладбах.