Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар (Барселона)
Меси (42), Нејмар (39) и Суарез (39) имаа постигнато 120 гола во 2015-та, а целиот тим на Реал Мадрид 106.
Џорџ Бест, Денис Ло и Боби Чарлтон (Манчестер јунајтед)
Чарлтон ја држеше средината, а Бест и Ло редеа голови. Сите тројца ја освоија Златната топка и за прв пат го направија Манчестер Јунајтед првак на Европа.
Ривалдо, Роналдо, Роналдињо (Бразил)
Ова трио ја стекна најголемата слава на СП 2002 кога стигнаа до златниот пехар. Роналдињо постигна хет-трик против Англија кога на голот беше Симан, а првите двајца стрелци на Светското беа Роналдо со 9 и Ривалдо со 5 гола.
Жаирзињо, Тостао и Пеле (Бразил)
Тостао стана и сè уште е најдобар стрелец на Крузеиро со 249 гола, Жаирзињо стрелаше на сите натпревари на Мундијалот во 1970, а за Пеле нема потреба да пишуваме.
Герет Бејл, Карим Бензема, Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Тука се наоѓаат најскапите двајцата играчи во историјата на фудбалот кои заедно постигнаа 97 гола на историската сезона 2013/2014 кога стигнаа до Десима и го освоија Копа дел Реј.
Алфредо Ди Стефано, Франциско Хенто, Ференц Пушкаш (Реал Мадрид)
Се работи за великаните на Реал Мадрид кои му ги донесоа најславните денови и ги освоија сите трофеи. Hенто остана единствен играч кој 6 пати стана шампион во Европа.
Јохан Кројф, Џони Реп, Пиет Кајзер (Холандија)
Холандија за секогаш ќе го памети овие тројца играчи кои беа најзаслужни што оваа земја на Светското првенство 1974 година стигна до финале. Најголемите успеси му ги донесоа на Ајакс кој во 70-те години, освои три европски титули во низа.
Ромарио, Мајкл Лаудруп, Христо Стоичков (Барселона)
Ова трио беше срцето на дрим тимот на Кројф на Камп Ноу.
Франк Рајкард, Марко ван Бастен и Руд Гулит (Милан)
Едни од првите трансфери на Берлускони беа на врвот во светскиот фудбал. Ова холандско трио на Милан му ја донесе европската круна во 1989 и 1991 година, како и три Скудета по ред од 1991-ра. Во еден момент стигнаа до серија од 58 меча без пораз.